Фламен

Од Википедија — слободната енциклопедија
Биста на фламен, 3 век н.е., Лувр

Фламен бил свештеник на државно спонзориран бог или божица во римската религија. За време на римската република имало петнаесет фламени. Најважните тројца биле flamines maiores („главни свештеници“), кои ги опслужувале трите главни римски бога од Архаичната Тријада. Останатите дванаесет, од кои двајца се непознати, биле flamines minores („нижи свештеници“).

Петнаесетте фламени биле дел од Понтифскиот Колегијат кој управувал со државно-спонзорираната религија во Рим. При јавувањето на слободно место за функцијата на фламенот, понтифекс можел да служи како привремена замена, иако само Понтифекс Максимус можел да го заменува т.н. Фламен Дијалис.

Официјалната одежда на фламенот се состоела од чудна капа наречена апекс и дебела волнена наметка наречена лена. Лената била двојно дебела волнена пелерина со обрабени краеви која се носела врз тогата на фламенот и на неа имало копец кој ја држел околу вратот на фламенот. (Мавр Сервиј Хонорат, Коментар на Вергилиевата Енеида iv.262; Цицерон Брут 57). Апексот било кожно капче налик на ќече со ремче околу главата и шило направено од маслиново дрво на врвот, кое било налик на вретено. Истото при основата имало волнена пуфка (Сервиј Коментар на Вергилиевата Енедида ii.683, viii.664, x.270).

Историја и етимологија[уреди | уреди извор]

Во времето на религиозните реформи на Октавијан Август, потеклото и функцијата на многу од долго запоставените богови било збунувачко за самите римјани. Недоволното познавање на некои од божествата за кои фламените биле задолжени (како да речеме Фалакер, Палатуа, Квирин и Волтурн) укажува на тоа дека фламенството е многу старо. Се смета дека фламените постоеле барем од времето на раните римски кралеви, пред Римската република. Ова одгговара на самото верување на римјаните дека основоположниккот на римското свештенство бил Нума Помпилиј, вториот крал на Рим.

Потеклото на зборот фламен е исто толку нејасно колку и боговите кои тој ги опслужувал.

Flamines maiores (главни свештеници)[уреди | уреди извор]

Тројцата flamines maiores морале да бидат патриции.

  • Фламен Дијалис бил задолжен за култот кон Јупитер, богот на небесата и владетел на боговите.
  • Фламен Марцијалис бил задолжен за култот кон Марс, богот на војната. Овој фламен водел јавни обреди на деновите посветени на Марс. Светите копја на Марс биле ритуално протресувани од Фламен-от Марцијалис кога легиите се спремале за војна.
  • Фламен Квириналис бил задолжен за култот кон Квирин, кој го надгледувал римскиот општествен живот и бил поврзан со мирољубивите аспекти на Марс. Овој фламен водел јавни обреди на деновите посветени на Квирин.

Четврт flamen maior бил додаден во 44 п.н.е. Тој бил задолжен за култот кон Јулиј Цезар. Кога царскиот култ почнал да се практикува, биле назначени уште фламени за да ги служат издигнатите (на ниво на божество) Римски цареви.

Flamines minores (нижи свештеници)[уреди | уреди извор]

Десетте flamines minores можеле да бидат плебејци. Некои од божествата кои тие ги опслужувале биле прилично непознати:

Имало и два други flamines minores во републиканско врме, но божествата кои тие ги опслужувале се непознати.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]