Флавиј Аријан

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Флавиј Аријан
Arrian7.jpg
Роден Лукиј Флавиј Аријан
~ 86-89 година
Никомедија (денес во Турција)
Починал ~ 145/6/160 година
Атина
Занимање Историчар

Флавиј Аријан (89 година - 145/6 година од нашата ера)[1] од Никомедија (денес Измит во Турција)[2] ― писател, историчар и извор за историјата на Александар Македонски.[3]

Александровата анабаза, реиздание од 1575 година

Тој направил блескава кариера во времето на владеењето на царот Хадријан. Најпрво бил избран за конзул, а потоа за гувернер на провинцијата Кападокија (периодот помеѓу 131–137 година).[2] По смртта на Хадријан се повлекол во Атина и започнал да се занимава со книжевна работа. Најзначајно негово дело е „Александровата анабаза“ („Историја на војните на Александар“), во седум книги.[3]

По примерот на Ксенофонт, Флавиј Аријан пишувал философски, историски и воени записи, така што на шега бил наречен Xenophon redivivus.[4] Исто така, тој бил под лвијание и на постарите извори (Птолемај, Аристобул и други). Од зачуваните истории за Александар Македонски, овој негов труд се смета за најрелевантен. Во него е зачувана официјалната традиција за Александар, лишена од фантастичните приказни и анегдоти, како и од морализаторските расудувања што се среќаваат кај другите сочувани извори. Значајно е, исто така и неговото дело „Индиска историја“ (Индике) во кое ја опишува пловидбата на Неарх од устието на Инд до Персискиот Залив. Тој е важен извор и за периодот непосредно по смртта на Александар и за поделбата на власта меѓу дијадосите. Тие настани ги опишал во делото „Настаните по Александар“, кое има десет книги. Овој негов труд бил преработен во третиот век од атинскиот историчар Дексип, а негови изводи се зачувани кај цариградскиот патријарх Фотиј I (9 век).[3]

Флавиј Аријан му бил ученик на Епиктет и по неговата смрт објавил неколку дела во кои ги изложил етичките погледи на својот учител. Такви се делата: „Разговорите Епиктетови“ во 12 книги (од кои се сочувани само првите четири), „Прирачникот Епиктетов“ и „Хомилии“ во 12 книги (кои не се сочувани.[5]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Edwards, Iorwerth Eiddon Stephen; Gadd, Cyril John; Hammond, Nicholas Geoffrey Lemprière; Boardman, John; Lewis, David Malcolm; Walbank, Frank William; Astin, A. E.; Crook, John Anthony; Lintott, Andrew William (1970). The Cambridge Ancient History (англиски). Cambridge University Press. ISBN 978-0-521-23445-0.
  2. 2,0 2,1 „Arrian | Greek historian“. Encyclopedia Britannica (англиски).
  3. 3,0 3,1 3,2 Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. 2000. стр. 43. ISBN 9989-624-46-1. На |first= му недостасува |last= (help)
  4. Miloš N. Đurić, „Stoička škola i Marko Aurelije“, во: Marko Aurelij, Samom sebi. Beograd: Dereta, 2004, стр. 22.
  5. Miloš N. Đurić, „Stoička škola i Marko Aurelije“, во: Marko Aurelij, Samom sebi. Beograd: Dereta, 2004, стр. 22.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]