Прејди на содржината

Република Фиренца

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Фирентинска Република)
Република Фиренца
Repubblica Fiorentina
1115–1532
Знаме на Фиренца
Знаме
Грб на Фиренца
Грб
Република Фиренца во 1494 година
Република Фиренца во 1494 година
Главен градФиренца
43°47′N 11°15′E / 43.783°N 11.250°E / 43.783; 11.250
Говорени јазицитоскански, италијански и латински
Вероисповед
Римокатоличка црква
УредувањеОлигархиска република
Gonfaloniere of Justice 
 1293–1295
Џано дела Бела (прв)
 1530–1532
Алесандро Медичи (последен)
Подеста 
 1193–1194
Џерардо Капонсаки (прв)
 1502
Винченцо Нобили (последен)
LegislaturePriorato delle Arti
Фирентинско еснафство
Фирентинско еснафство
Историја 
 Прво основање
1115
 Marquisate restored
    by Imperial force.
 
1185–97
1378
 Основање на
    Династија Медичи.
 
1434
 
1494
 Прогласена за наследно
   војводство од папата.
1532
ВалутаФлорин (1252–1533)
Претходници
Наследници
Тосканска марка
Војводство Фиренца
Денес дел од Италија

Република Фиренца (латински: Respublica Florentina, италијански: Repubblica fiorentina) — независна република во Северна Италија која постоела во периодот 1115-1185 и 1197-1532 година. Републиката била основана како независна комуна во градот Фиренца, но наскоро се зацврстила во поголемиот дел од северна и централна Тоскана и започнала да ума една од најважните улоги во политичкиот систем во Италија. Република Фиренца создала сложен систем на управување заснован на неузурпација на власта од едно лице и вклучување на граѓаните во формирањето на државните органи.

Во 13-14 век економскиот развој на Фиренца и донела да стане една од најјразвиените земји не само во Италија, туку и во Европа. Во Фиренца најпрвин се родило мануфактурното производство и започнале социјалните конфликти меѓу наемните работници и работодавачите. Во 1434 година во Фиренца на власт се утврдила династија Медичи, во кој период државата се трансформирала. Во 14 век Фиренца станала водечки центар на италијанската ренесанса, во кој твореле Данте Алигиери, Франческо Петрарка, Џовани Бокачо, Леонардо да Винчи, Микеланџело, Николо Макијавели и многу други.