Филофобија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Филофобија е страв од вљубување.

Опис на пореметувањето[уреди | уреди извор]

Она што го предизвикува овој страв е непријатно искуство во минатото, најчесто невозвратените чувства. Веќе доживеаното чувство на вљубеност предизвикува чувство на немоќ, неспособност за контрола на мислите, несвесно или свесно идеализирање на саканата личност. Кај личностите кои патат од филофобија, почнува да важи правило дека „единствено добро од минатото е тоа што тоа е веќе само минато“. Таквите личности на минатото гледаат како искуство кое им помогнало да разберат дека не е потребно повторно да се изгорат на истиот огин.

Кај таквите личности владее сваќање дека „незаљубеноста“ значи припадност на самиот себе. Тоа го зајакнува чувството на моќ, самоконтрола, но и емотивната изолација. Личностите кои патат од филофобија успеваат да започнат врска, имаат желба за партнери, но до одреден степен. Доколку почувствуваат дека тука има заплет на чувства, тие едноставно бегаат, бидејќи имаат фобија од тоа. Се плашат да не се вљубат, бидејќи по нивно разбирање, тоа значи дека повторно ќе се отворат себе си, и со тоа ќе станат немоќни, нема да бидат свои и ќе бидат ранливи. Додека пак несвесно се вљубат тие тоа го негираат самите на себе, се убедуваат во спротивното, и таквите личности создаваат уште поголем ѕид кој ги разделува од нивните емоции.

Самовљубеност[уреди | уреди извор]

Самовљубеност е негирање кон самиот себе, бидејќи и евентуалните чувства кои постојат кон другата личност, тие го пренасочуваат кон себе, така штитејќи се себе си и убедувајќи се дека не се вљубени. Постојано се на опрез, секој чекор однапред го планираат за да ги спречат „неконтролираните мисли“ за друга личност. Гледајќи на другите вљубени личности, не гледаат на тоа колку е тоа убаво, туку се гледаат себа и го гледаат крајот. Филофобијата единствено може да престане со ослободување од самиот страв.