Филозофска логика

Од Википедија — слободната енциклопедија

Философската логика е изучувањето на филозофските аспекти на логиката. Овој поим е спротивен на поимот математичка логика, и од развитокот на математичката логика во доцниот XIX век, во филозофската логика спаѓаат највеќето теми кои традиционално ја сочинувале самата логика. Се занимава со карактеристични поими како инференција, рационална мисла, вистина (точност) и содржина на мислите, на најфундаментален можен начин, и се обидува да ги моделира по пат на современата формална логика.

Овие поими се повикувањето, предикацијата, идентитетот, вистината, негацијата, квантификацијата, егзистенцијата, неопходноста, дефиницијата и наложбата.

Философската логика не се занимава со психолошкиот процес при размислувањето, или пак со чувствата, претставите и сл. Се занимава само со оние ентитети — мисли, реченици или тврдења — кои можат да бидат точни или неточни. Иако како таква нема допирни точки со филозофијата на умот и филозофијата на јазикот. Готлоб Фреге се смета за основачот на современата филозофска логика.

Меѓутоа не сета филозофска логика користи формални логички техники. Солидно голем дел од нив се напишани на природен јазик. Една дефиниција популарна во Британија е дека филозофската логика е обид за решавање на општи филозофски проблеми кои произлегуваат кога користиме или мислиме на формална логика: проблемите за егзистнцијата, неопходноста, аналитичноста, а приоричноста, тврдењата, идентитетот, предикацијата и вистинитоста (вистинитоста). Од друга страна филозофијата на логиката се занимава со метафизичките и епистемолошките проблеми на наложбата, валидноста и доказот.

Литература[уреди | уреди извор]

  • Goble, Lou, ed., 2001. (The Blackwell Guide to) Philosophical Logic. Oxford: Blackwell. ISBN 0-631-20693-0.
  • Grayling, A. C., 1997. An Introduction to Philosophical Logic. Трето изд. Oxford: Blackwell. ISBN 0-631-19982-9.
  • Jacquette, Dale, Едиц., 2002. A Companion to Philosophical Logic. Oxford Blackwell. ISBN 1-4051-4575-7.
  • Sainsbury, Mark, 2001. Logical Forms: An Introduction to Philosophical Logic. Второ изд. Oxford: Blackwell. ISBN 0-631-21679-0.
  • McGinn, Colin. 2000. Logical Properties: Identity, Existence, Predication, Necessity, Truth. Oxford: Oxford University Press. ISBN 0-19-926263-2.
  • Wolfram, Sybil, 1989. Philosophical Logic: An Introduction. London: Routledge.