Филозофија во 20 век

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

За време на филозофијата од 20 век се развиваат голем број на нови филозофски школи вклучувајќи ги: логичкиот позитивизам, аналитичката филозофија, феноменологијата, егзистенцијализмот и постструктурализмот. Во однос на епохите на филозофијата, таа е обично означена како современа филозофија (наследувајќи ја модерната филозофија која ќе трае приближно од времето на Декарт се до 20-тиот век).

Како и другите научни области, така и филозофијата со вообличува во академска дисциплина во раниот 20-ти век, а се појавува и поделба меѓу филозофите кои себеси се сметаат за дел или на аналитичката или на континенталната традиција. Сепак, постојат спорови во врска со двете терминологии и причините за поделбата, како и филозофи кои се гледаат себеси како некој кој го надминува јазот. Покрај тоа, филозофијата во 20-тиот век станува потехничка и потешка за читање од страна на лаиците.

Аналитичка филозофија[уреди | уреди извор]

Аналитичката филозофија е генерички термин за стил на филозофија која го доминирала англиското говорно подрачје во 20-от век. Во САД, Велика Британија, Канада, Скандинавија, Австралија и Нов Зеланд, огромното мнозинство на универзитетските оддели за филозофија се идентификуваат како аналитички.[1]

Епистемологија[уреди | уреди извор]

Епистемологијата во англо-американската традиција била радикално потресена во 1963 од објавувањето на "Is Justified True Belief Knowledge?" од Едмунд Гетиер, кое даде контра-примери на традиционалните формулации на знаењето уште од времето на Платон. Огромен број на одговори на Гетирскиот проблем биле формулирани, генерално спаѓајќи во интернастистичките и екстерналистичките кампови, последните вклучувајќи работа од филозофи како Алвин Голдман, Фред Дретске, Дејвид Шар Армстронг и Алвин Плантинга.

Логички позитивизам[уреди | уреди извор]

Логичкиот позитивизам (исто така познат како логички емпиризам, научна филозофија, и нео-позитивизам) е филозофија која ги комбинира емпиријата-идејата дека набљудуваните докази се неопходни за знаење-со верзија на рационализмот, инкорпорирајќи математички и логично-лингвистички конструкции и отфрлање на епистемологијата.[2]

Неопрагматизам[уреди | уреди извор]

Неопрагматизмот, понекогаш нарекуван јазичен прагматизам е еден неодамнешен филозофски термин за филозофијата која прифаќа многу концепти од прагматизмот. Блеквел речникот на западната филозофија (2004) го дефинира нео-прагматизмот на следниов начин: „Постмодерна верзија на прагматизмот развиена од страна на американскиот филозоф Ричард Рорти, која црпи инспирација од автори како Џон Дјуи, Мартин Хајдегер, Вилфрид Селарс, Вилар ван Орман Квајн, и Жак Дерида. Тоа се оградува од поимот за универзалната вистина, епистемолошкиот фундаментализам, репрезентационализмот, и поимот за епистемичка објективност. Тоа е номиналистички пристап кој негира дека природните видови и лингвистичките ентитети имаат суштински онтолошки импликации.

Филозофија на јазикот[уреди | уреди извор]

Филозофијата на јазикот е филозофска школа што смета дека традиционалните филозофски проблеми се вкоренети во недоразбирања кои филозофите ги развиваат со нарушување или заборавање на она што всушност значат зборовите во секојдневна употреба. Овој пристап обично вклучува избегнувајќи филозофски „теории“ во полза на поголемо внимание на детали на секојдневниот, „обичен“ јазик. Понекогаш се нарекува „Оксфорд филозофија“, таа е генерално поврзана со работата на голем број оксфордски професори од средината на векот: главно Џ. Л. Остин, но, исто така Гилберт Рајл, Херберт Харт, и Питер Стросон. Лудвиг Витгенштајн е најславниот приврзаник на филозофијата на јазикот надвор од Оксфорд кругот. Втората генерација на фигури ги вклучуваат Стенли Кавел и Џон Серл.

Континентална филозофија[уреди | уреди извор]

Континенталната филозофија, во современата употреба, се однесува на збир на филозофските традиции од 19. и 20. век од континентална Европа.[3][4] Оваа смисла на зборот потекнува од филозофите од англиското говорно подрачје во втората половина на 20. век, кои го користиле за широк спектар на мислители и традиции надвор од аналитичкото движење. Континенталната филозофија ги вклучува следните движења: германски идеализам, феноменологија, егзистенцијализам (и неговите претходници, како што се на мислењата на Кјеркегор и Ниче), херменевтика, структурализам, пост-структурализам, француски феминизам, критичката теорија на Франкфуртската школа и сродните гранки на западниот марксизам, како и психоаналитичката теорија.[5]

Егзистенцијализам[уреди | уреди извор]

Егзистенцијализмот генерално се смета за филозофско и културно движење кое смета дека почетната точка на филозофското размислување мора да биде поединецот и искуствата на поединецот. За егзистенцијалистите, верските и етичките императиви не можат да ја задоволат желбата за индивидуален идентитет, и теистичкиот и атеистичкиот егзистенцијализам имаат тенденција да се противставуваат на популарните верски движења. Заедничките теми се приматот на искуство, гневот, апсурдот, и автентичноста.

Марксизам[уреди | уреди извор]

Западниот марксизам, во однос на филозофијата на 20-тиот век, генерално ги опишува делата на марксистичките теоретичари, главно со седиште во Западна и Централна Европа; Ова стои во контраст со марксистичката филозофија во Советскиот Сојуз. Додека Историјата и Класната Свест[6] од Ѓерѓ Лукач и Марксизмот и Филозофијата[7] од Карл Корш, прв пат издадени во 1923 година, често се гледани како дела кои ја започнале оваа школа, самата фраза (Западен марксизам) стана кованица многу подоцна од Морис Мерло-Понти.

Феноменологија[уреди | уреди извор]

Феноменологија е проучување на феноменот на искуството. Таа е широко филозофско движење основано во раните години на 20. век од страна на Едмунд Хусерл. Феноменологијата, според концепцијата на Хусерл, првенствено се занимава со систематско размислување за и проучување на структурите на свеста и феномените кои се појавуваат во актите на свеста. Оваа феноменолошка онтологија јасно се разликува од Декартовиот метод на анализа кој го гледа светот како објекти, сетови на објекти и предмети кои дејствуваат и реагираат едни на други.

Пост-структурализам[уреди | уреди извор]

Пост-структурализмот е етикета формулирана од страна на американски научници за означување на хетерогени дела од серија на француски интелектуалци кои добиле светска слава во 1960-тите и 70-тите години.[8][9] Етикетата првенствено опфаќа интелектуални случувања на истакнати француски и континентални филозофи и теоретичари од средината на 20-тиот век.[10]

Структурализам[уреди | уреди извор]

Структурализмот е теоретска парадигма која нагласува дека елементи на културата мора да се сфатат во смисла на нивниот однос кон поголем, сеопфатен систем или „структура“. Наизменично, како што е сумирано од страна на филозофот Симон Блекбурн, структурализам е „верување дека феномените на човечкиот живот не се разбирливи, освен преку нивната меѓусебна поврзаност. Овие односи претставуваат структура, а зад локалните варијации на површинските феномени има постојани закони на апстрактна култура“.[11]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Without exception, the best philosophy departments in the United States are dominated by analytic philosophy, and among the leading philosophers in the United States, all but a tiny handful would be classified as analytic philosophers. Practitioners of types of philosophizing that are not in the analytic tradition—such as phenomenology, classical pragmatism, existentialism, or Marxism—feel it necessary to define their position in relation to analytic philosophy.“ John Searle (2003) Contemporary Philosophy in the United States in N. Bunnin and E. P. Tsui-James (eds.), The Blackwell Companion to Philosophy, 2nd ed., (Blackwell, 2003), стр. 1.
  2. See, e.g.,  : "Vienna Circle" in Stanford Encyclopedia of Philosophy
  3. Leiter 2007, стр. 2: „As a first approximation, we might say that philosophy in Continental Europe in the nineteenth and twentieth centuries is best understood as a connected weave of traditions, some of which overlap, but no one of which dominates all the others.“
  4. Critchley, Simon (1998), "Introduction: what is continental philosophy?", Во Critchley, Simon; Schroder, William, A Companion to Continental Philosophy, Blackwell Companions to Philosophy, Malden, MA: Blackwell Publishing Ltd, стр. 4 .
  5. The above list includes only those movements common to both lists compiled by Critchley 2001, стр. 13 and Glendinning 2006, стр. 58–65
  6. http://libcom.org/library/taxonomy/term/119
  7. http://libcom.org/library/marxism-philosophy-korsch
  8. Bensmaïa, Réda Poststructuralism, article published in Lawrence D. Kritzman (ed.) The Columbia History of Twentieth-Century French Thought, Columbia University Press, 2005, pp.92-93
  9. Mark Poster (1988) Critical theory and poststructuralism: in search of a context, section Introduction: Theory and the problem of Context, pp.5-6
  10. Merquior, J.G. (1987). Foucault (Fontana Modern Masters series), University of California Press, ISBN 0-520-06062-8.
  11. Simon Blackburn (2008). Oxford Dictionary of Philosophy, second edition revised. Oxford: Oxford University Press, ISBN 978-0-19-954143-0