Филис Фокс

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Филис Ен Фокс
Роден1923
Колорадо
ДржавјанствоАмериканка
УстановиЏенерал Електрик
Курантски институт за математички науки
МИТ
Њуџерсиев институт за технологија
Белови лаборатории
ОбразованиеВелсли
Колорадски универзитет
МИТ
Теза„За употребата на координатни пертурбации во решавањето на физичките проблеми“ (1954)
Докторски менторЛин Цејацјао
Познат поДИНАМО
ЛИСП
ПОРТ математичка субрутинска библиотека

Филис Ен Фокс (англиски: Phyllis Ann Fox) е американска математичарка и компјутерски научник.[1][2]


Биографија[уреди | уреди извор]

Фокс пораснала во Колорадо.[2] Таа ги завршила до-дипломските студии на колеџот Велесли, стекнувајќи диплома за уметност по математика во 1944 година.[3]

Од 1944 до 1946 работела за Џенерал Електрик како оператор, за нивниот проект за диференцијален анализатор. Добила втора диплома, Диплома за Наука по електротехника, на Универзитетот во Колорадо во 1948 година.[1][2] Потоа таа се преселила на пост-дипломски студии на Институтот за технологија во Масачусетс (МИТ), добивајќи магистратура за наука во 1949 година во областа на електротехниката, како и докторат, доктор за наука по математика во 1954 година, под надзор на Чиа-Чиао Лин.[1][2][4] За тоа време, таа исто така работела и како асистент на проектот Вртлог во МИТ, под водство на Џеј Форестер.[1]

Од 1954 до 1958 година, Фокс работел на нумеричко решение за парцијалните диференцијални равенки на Унивак, за компјутерскиот центар на комисијата за атомска енергија на Соединетите Американски Држави, во Институтот за математички науки, Курант, на Универзитетот во Њујорк. Во 1958 година, следејќи го својот сопруг, таа се вратила во истражувачката група на Форестер за динамика на системот, во МИТ, каде што станала дел од тимот, кој го напиша програмскиот јазик ДИНАМО.[1][2][5] Таа потоа станала соработник на првиот ЛИСП преведувач, како и главен автор на првиот прирачник за ЛИСП.[6]

Во 1963 година, таа се преселила од МИТ во Колеџот за инженерство во Њуарк, каде што станала редовен професор во 1972 година. За тоа време, таа исто така била консултант и за Бел Лабс, каде што се преселила во 1973 година, за да работи на високо пренослива библиотека со броеви (ПОРТ) . Таа се пензионирала од Бел Лабс во 1984 година.[1][2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 Resume and brief autobiography for Phyllis Fox, for Wellesley College Class of 1944 Record Book, Jan 1974, SIAM history website [1].
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 Haigh, Thomas (interviewer) (2005). „Phyllis Fox“ (PDF). The History of Numerical Analysis and Scientific Computing - Oral Histories. Society for Industrial and Applied Mathematics. конс. 12 May 2010.  l first = Nancy l last = Rosenberg
  3. „The History of Numerical Analysis and Scientific Computing“. history.siam.org. конс. 2018-09-27. 
  4. Phyllis Ann Fox at the Mathematics Genealogy Project
  5. "Origin of System Dynamics", www.systemdynamics.org [2] Access date 11 May 2010
  6. McCarthy, J.; Brayton, R.; Edwards, D.; Fox, P.; Hodes, L.; Luckham, D.; Maling, K.; Park, D.; и др. (март 1960 г). LISP I Programmer's Manual. Boston, Massachusetts: Artificial Intelligence Group, M.I.T. Computation Center and Research Laboratory of Electronics at MIT. http://history.siam.org/sup/Fox_1960_LISP.pdf{{inconsistent citations}}  Accessed May 11, 2010.