Филип Младеновиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Филип Младеновиќ

Филип Младеновиќ (роден на 15 август 1991 година) е српски професионален фудбалер кој игра на позицијата како лев бек. Моментално настапува за екипата на Легија од Варшава. Младеновиќ за српската репрезентација прв пат настапил во 2012 година.

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Борац од Чачак[уреди | уреди извор]

Младеновиќ станал член на сениорскиот тим на Борац во сезоната 2010-11. Одиграл 18 лигашки натпревари во таа сезона. Во клубот настапувал на позицијата како лев бек.

Црвена ѕвезда од Белград[уреди | уреди извор]

Младеновиќ на 17 декември 2011 година, потпишал четиригодишен договор за екипата на Црвена ѕвезда од Белград. Во текот на летото 2013 година, екипата на Црвена ѕвезда учествувала на Уренкупот во Швајцарија, каде што го загубиле финалниот натпревар од составот на ФК Базел со резултат 2:1. Младеновиќ постигнал гол за екипата на Црвена ѕвезда и бил прогласен за најдобар играч на натпреварот, за што требало да добие часовник како награда, но го одбил поради разочарување од поразот. До крајот на 2013 година, финансиската состојба на Црвена ѕвезда станала многу нестабилна. Играчите и персоналот не добивале плата или ја добивале со неколку месеци задоцнување. И покрај неговите чести погодоци, сепак Младеновиќ настапувал главно како лев бек под водство на тренерот Рикардо Са Пинто. Тој во една можност рекол дека стилот на игра на Младеновиќ многу го потсетувало на играчот Фабио Коентрао.[1] Егзодусот на играчи започнал веднаш откако тренерот Са Пинто на емотивна прес-конференција објавил дека повеќе не можел да работи во екипата на Црвена ѕвезда поради нестабилноста во администрацијата на тимот. На 5 октомври 2013 година, Младеновиќ поднел барање за раскинување на договорот со екипата на Црвена ѕвезда. Арбитражниот комитет во ФСС (фудбалски сојуз на Србија) на 23 ноември донел одлука во корист на Младеновиќ давајќи му статус на слободен играч. По пресудата за Младеновиќ и соиграчот Марко Вешовиќ, како и тренерот Славиша Стојановиќ биле тргнати од првиот тим, односно побарале да си заминат, но законски сè уште биле членови на екипата на Црвена ѕвезда до зимскиот преоден рок на сезоната 2013-14.

БАТЕ од Борисов[уреди | уреди извор]

На 23 февруари 2014 година, српскиот информативен портал Б92 објавил дека Младеновиќ потпишал договор за белорускиот тим БАТЕ од Борисов за времетраење од 3 години. Својот прв натпревар за екипата на БАТЕ го имал на финалето на Суперкупот на Белорусија во 2014 година против составот на ФК Минск. На истиот натпревар Младеновиќ постигнал гол. На 29 септември 2015 година, Младеновиќ постигнал два гола за екипата на БАТЕ во групата Е на УЕФА за Лигата на шампионите 2015–16 против составот на Рома.[2] Благодарение на неговата пробивна игра, Младеновиќ на 1 октомври 2015 година се нашол на списокот на „Тимот на неделата“ во Лигата на шампионите на УЕФА. Подоцна истиот месец, било објавено дека екипата на Милан покажал интерес за нивниот тренер Синиша Михајловиќ кој го познавал Младеновиќ од српската репрезентација.

1. ФК Келн[уреди | уреди извор]

На 5 јануари 2016 година, Младеновиќ потпишал договор на три и пол години со екипата на 1. ФК Келн.[3]

Репрезентација[уреди | уреди извор]

Младеновиќ својот прв натпревар за фудбалската репрезентација на Србија го одиграл на 31 мај 2012 година под раководство на тренерот Синиша Михајловиќ во поразот од репрезентацијата на Франција со резултат од 2:0.[4]

Статистика во кариерата[уреди | уреди извор]

Клупска статистика[уреди | уреди извор]

Обновено на крајот од натпреварите 2020-21 сезона[5]
Натпревари и постигнати голови за различни клубови во различни сезони
Клуб Сезона Лигашки натпревари Куп натпревари Континентални натпревари Други натпревари Вкупно
Лига Натпревари Голови Натпревари Голови Натпревари Голови Натпревари Голови Натпревари Голови
Борац од Чачак 2010–11 Суперлига 18 0 0 0 18 0
2011–12 13 0 2 0 15 0
Вкупно 31 0 2 0 33 0
Црвена ѕвезда од Белград 2011–12 Суперлига 12 2 3 0 15 2
2012–13 26 0 3 0 6 1 35 1
2013–14 4 0 2 0 4 0 10 0
Вкупно 42 2 8 0 10 1 60 3
ФК Бате Борисов 2014 Премиер Лига 26 2 7 0 8 0 1 1 42 3
2015 21 2 2 0 12 2 1 0 36 4
Вкупно 47 4 9 0 20 2 2 1 78 7
1. ФК Келн 2015–16 Бундеслига 14 0 0 0 14 0
2016–17 2 0 0 0 2 0
Вкупно 16 0 0 0 16 0
Стандард од Лиеж 2016–17 Прва Дивизија А 5 0 0 0 5 0
2017–18 0 0 0 0 0 0
Вкупно 5 0 0 0 5 0
Легија од Гдањск 2017–18 Екстракласа лига 14 0 14 0
2018–19 35 3 6 0 41 3
2019–20 25 0 3 0 2 0 1 0 31 0
Вкупно 74 3 9 0 2 0 1 0 86 3
Легија од Варшава 2020–21 Екстракласа лига 29 7 3 1 4 0 36 8
Вкупно во кариерата 244 16 31 1 36 3 3 1 313 21

 

Меѓународна (репрезентативна) статистика[уреди | уреди извор]

Обновено на крајот од натпреварот на 11 ноември 2021
Србија
Година Натпревари Голови
2012 година 1 0
2013 година 0 0
2014 година 0 0
2015 година 0 0
2016 година 5 0
2017 година 0 0
2018 година 0 0
2019 година 4 0
2020 година 5 1
2021 година 3 0
Вкупно 18 1

Меѓународни (репрезентативни) голови[уреди | уреди извор]

Резултатите 1 се постигнати голови на играчот и резултатите 2 го наведуваат бројот на голови на репрезентацијата на Србија.
Бр. Дата Место на одржување Настапи Противник Резултат Резултат Тип на натпревар
1. 18 ноември 2020 година Стадион Рајко Митиќ, Белград, Србија 15  Русија 5 – 0 5–0 2020–21 УЕФА Лига на нации Б

Признанија[уреди | уреди извор]

Клупски признанија[уреди | уреди извор]

Црвена ѕвезда
  • Освоен е Купот на Србија: 2011–12
ФК БАТЕ од Борисов
  • Освоена е Белоруската Премиер лига (2): 2014, 2015 година;
  • Освоен е Белорускиот куп: 2014–15
  • Освоен е Белоруски Суперкуп (2): 2014, 2015 година
Легија Гдањск
  • Освоен е Полскиот куп: 2019 година
  • Освоен е Полскиот Суперкуп: 2019 година
Легија Варшава

Индивидуални признанија[уреди | уреди извор]

  • Член на тимот на сезоната во српската Суперлига: 2011–12
  • Екстракласа играч на сезоната: 2020–21
  • Екстракласа одбранбен играч на сезоната: 2020–21

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. B92 (April 10, 2013). „SP: Dejo kao Zizu, Filip = Fabio“. Посетено на November 11, 2015.
  2. [1] The Guardian: Belarusians Bate Borisov survive Roma fightback to claim famous win. September 29, 2015. Retrieved November 11, 2015.
  3. „FC holt Filip Mladenovic“ [FC signs Filip Mladenovic] (германски). 1. FC Köln. 5 January 2016. Посетено на 5 January 2016.
  4. [2] Vecernje Novosti (Serbian): Mladenović: Ovo mi je najlepši deo života
  5. Филип Младеновиќ на soccerway. Посетено на 29 January 2018.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]