Филип Енгелман

Од Википедија — слободната енциклопедија

Жељко Филип Енгелман (роден на 9 февруари 1991 година) е професионален српски фудбалер кој игра на позицијата како централен бек. Моментално настапува за тимот на Таичунг Футуро во фудбалската Премиер лига на Тајван.

Почетокот на животот и младоста[уреди | уреди извор]

Енгелман е роден во Белград, но пораснал во Чачак каде играл во младинскиот тим на Ремонт, пред да премине во главниот град на Србија, Белград, каде што играл за младинскиот тим на Вождовац.

Играл и во екипата на Железник како позајмен играч од тимот на Вождовац. Таму останал една половина од сезоната по која повторно се вратил во тимот на Вождовац каде одиграл една цела сезона.

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

По играњето во Србија тој започнал меѓународна кариера играјќи во осум различни држави, со повремено враќање во Србија. Настапувал во Романија, Словачка, Албанија, Полска, Хрватска, Црна Гора, Босна и Херцеговина, и на крајот во Монголија.

Енгелман играл за Униреа Уржичени во романската Лига I и Словачката Дукла Банска Бистрица во словачката Супер лига. По првите искуства како интернационалец се вратил во Србија каде настапувал три години, играјќи за екипите на: Ресник, Јединство Уб, Банат, Раднички од Белград и во Вождовац. Во последниот тим одиграл цела сезона каде бил и капитен на тимот.

Во 2015 година, Енгелман ја рестартирал својата меѓународна кариера овој пат во Црна Гора за составот на Језеро од Плав. Првиот натпревар за овој клуб бил во нерешениот резултат од 0:0 со тимот на ОФК Игало. Во јануари 2016 година преминал во Хрватска каде настапувал за три клуба. Неговиот прв клуб бил Младост Антин,[1] каде што за прв пат настапил во поразот од Меѓумурје од 0:2. Во таа сезона одиграл 21 натпревар и постигнал еден гол. Потоа се преселил во екипата на Бјеловар во сезоната кога клубот имал историски резултат во Купот на Хрватска. Во првото коло со новиот клуб победиле против тимот на Марсонија со резултат од 4:0. Во наредното коло екипата на Бјеловар претрпела пораз од хрватскиот шампион Динамо од Загреб со резултат од 1:2. Подоцна Енгелман направил трансфер во полскиот клуб Космос Новотањец.[2] По играњето во Полска тој повторно се вратил во Хрватска играјќи за клубот на Вуковар 1991.

Во јануари 2018 година, Енгелман потпишал за поранешниот босански и херцеговски куп-победник Славија од Сараево.[3][4] Првиот натпревар за новиот клуб од Сараево го имал во Првата лига РС против екипата на Сутјеска од Фоча. На тој натпревар Енгелман одиграл цели 90 минути, а неговиот клуб загубил со резултат од 1:2. Со добри резултати во Првата лига на РС (Република Српска) кога тимот се пласирал во плеј-офот, Енгелман добил понуда да ја продолжи меѓународната кариера, но овој пат во Азија. Во месец мај потпишал за еден од двата најдобри клуба во Моноглија и поранешниот шампион на државата Улан Батор.

Својот прв натпревар во Премиер лигата на Мазала го имал во победата на домашен терен против екипата на Хангарид. Неговиот следен натпревар бил во дербито со бранителот на титулата Ерчим, играјќи 90 минути на својата стандардна позиција како среден бек. Натпреварот завршил со резултат од 3:3.

По цела сезона во Азија, неговиот тим Улан Батор го завршил првенството како второпласиран во Премиер лигата на Мазала, со четири бодови помалку од шампионот од 2018 година, екипата на Ерчим.[5]

Во летото 2019 година, кога се вратил во српскиот фудбал, потпишал едногодишен договор со тимот од српската лига, Борац од Чачак.

Признанија[уреди | уреди извор]

Улан Батор

  • Премиер лига Мазала: Вицешампиони (второпласирани) 2018[6]
Борац Чачак
  • Освоен е Српската лига Запад: 2019-20

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. http://hns-cff.hr (4 March 2016). „Glasnik_10-2016“ (PDF) (Croatian).CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  2. podkarpacielive.pl (14 April 2017). „Cosmos Nowotaniec wzmocnią dwaj zawodnicy... z Bałkanów“ (Polish).CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  3. sport1.ba (4 February 2018). „Engelman novo pojačanje Slavije“ (Bosnian).CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  4. sport1.ba (23 February 2018). „Engelman: Slavija je jedna od najboljih ekipa lige“ (Bosnian).CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  5. rsssf.com. „Mazala National Premier League 2018“ (Mongolian).CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  6. soccerway.com (11 November 2018). „Premier League Mongolia 2018“ (English).CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)

 Надворешни врски[уреди | уреди извор]