Филип Џонсон

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Филип Џонсон
Philip Johnson.2002.FILARDO.jpg
Филип Џонсон на 95 години
Роден(а)Филип Кортелју Џонсон
јули 8, 1906(1906-07-08)
Кливленд, САД
Починал(а)јануари 25, 2005(2005-01-25) (возр. 98)
Њу Канан, САД
НационалностАмериканец
УстановаХарвардски факултет за дизајн
НаградиПрицкерова награда (1979)
АИА Златен Медал (1978)
ЗданијаСтаклена куќа, Сони-билдинг, Банк-билдинг , Кристална катедрала

Филип Кортелју Џонсон (8 јули 1906 - 25 јануари 2005 година) — американски архитект, најпознат по своите дела на Модерната архитектура, вклучувајќи ја и Стаклената куќа во Њу Канан, и неговите дела од постмодерната архитектура, особено Сони-билдинг во Њујорк и Банк-билдинг во Чикаго. Во 1978 година, тој бил награден од Американскиот Институт за архитекти со златен медал и во 1979 година добил Прицкерова награда.

По дипломирањето во 1930 година, Филип Џонсон станал првиот директор на Одделот за архитектура при Музејот на модерната уметност во Њујорк (1932-1934 и 1945-1954). Тој го измислил терминот Меѓународен стил и ја претставил работата на модерните европски архитекти како Лудвиг Миес ван дер Рое и Ле Корбсиер во Америка. Тој подоцна соработувал со Мис ван дер Рое за она што се смета за најубав облакодер во Северна Америка, зградата Сиаграм во Њујорк (1958).

Џонсон се вратил на универзитетот Харвард во 1940 година за да ја проучува архитектурата под Марсел Бреуер. За својата магистерска дисертација, тој дизајнирал резиденција за себе, сега познатата Стаклена куќа (1949), која е прогласена за една од најубавите и најнебално функционални домови во светот.

Зградите на Филип Џонсон се луксузни во обем и материјали, со екстенсивен внатрешен простор и класично чувство на симетрија и елеганција. Тие ја олицетворуваат доминантната улога на корпоративна Америка на светските пазари со истакнати облакодери за такви водечки компании како AT & T (1984), Pennzoil (1976) и Pittsburgh Plate Glass Company (1984).

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Wikiquote-logo.svg
Викицитат има збирка цитати поврзани со:
  • Obituary
  • Филип Џонсон на Find a Grave (англиски)
  • Philip Johnson architectural drawings, 1943-1994 (bulk 1943-1970).Held by the Department of Drawings & Archives, Avery Architectural & Fine Arts Library, Columbia University.
  • The Architecture of Philip Johnson
  • "Philip Johnson Biography and Interview". www.achievement.org. American Academy of Achievement.
  • Finding aid for Philip Johnson architectural projects at the Getty Research Institute
  • Finding aid for Philip Johnson papers at the Getty Research Institute