Филипики

Од Википедија — слободната енциклопедија

Филипики се говори на познатиот атински оратор Демостен против македонскиот цар (крал) Филип II и против Македонците. Во Филипиките, тој ги опишувал Македонците како варвари и ги омаловажувал јавно, опишувајки ги како народ подолен од елинскиот. Најпозната е неговата трета Филипика каде вели за Филип, македонскиот цар: „ ...не само што не е грк, ниту поврзан со грците...“.

Демостен воедно бил и водач на обединетите грчки градови- полиси во борбата против тогашната моќна македонска античка држава, која постепено ги покорувала грчките полиси и инкорпорирала во границите на македонското царство.