Прејди на содржината

Фикрет Амиров

Од Википедија — слободната енциклопедија
Фикрет Амиров

Фикрет Машади Јамил оглу Амиров (азерски: Fikrət Məşədi Cəmil oğlu Əmirov; 22 ноември, 1922, Гања – 20 февруари, 1984, Баку ) Азербејџан, композитор од Советскиот период. Фикрет Амиров, истакнат композитор на Советскиот Азербејџан, Народен уметник на СССР и добитник на наградата Ленин и Сталин. Неговите дела биле под силно влијание од азербејџанскиот фолклор, особено од азербејџанските народни песни и арапски мелодии. Тој компонирал претежно симфониски дела и дела за пијано[1]. Започнал да компонира мошне рано, на деветнаесетгодишна возраст отишол на бојното поле и бил ранет кај Вороњеж, по што се вратил во Баку каде што дипломирал на Академијата за музичка уметност.

Неговото најпознато дело е балетот „ Илјада и една ноќ “ со изразена арапско-азербејџанска мелодија, за мотивски истражувања, околу балетот, патувал, истражувајќи ја музиката и на [[Египет, Јемен, Ирак и остатокот на Арабија.[2]

Многу негови дела имале праизведба од страна на симфонискиот оркестра на на Хјустон, под диригентство на славниот Леополд Стоковски. Одлики на арапскиот и азербејџанскиот фолклор се присутни и во „Арапскиот концерт за пијано и оркестар“ и „Песни на слепиот арап“ со присутни влијанија од Римски-Корсаков и Арам Хачатурјан [3].

  1. Fikrat Mashadi Jamil oglu Amirov
  2. Fikret Amirov
  3. „Biography“. Архивирано од изворникот на 2020-04-10. Посетено на 2020-04-10.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]