Физичко лице

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Физички лица)

Физичко лице станува секое лице од моментот на раѓањето па сè до смртта. За да постои физичко лице како субјект на правото суштеството мора да исполнува два предуслови да е живородено и да има човечки облик. Физичкото лице е секое суштество на кое правото му признава правни задолженија и правни овластувања.

Правната способност на физичкото лице[уреди | уреди извор]

Правната способност е единствена и неделива значи таа не може да се намалува или пак ограничува. Во современиот свет, правната способност не е ограничена ниту од полот, расната, верската или која било друга припадност.Да се намалува може деловната способност на физичкото лице, но не и правната. Правната способност е способноста на физичкото лице како субјект на правото, да биде носител на правни овластувања.

Деловната способност на физичкото лице[уреди | уреди извор]

Деловната способност е способноста на физичкото лице како субјект на правото да може самостојно со свои дејствија да учествува во правниот сообраќај, да создава или укинува правни односи.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Правно лице