Фиат 125

Од Википедија — слободната енциклопедија
Фиат 125
Fiat 125s
ПроизведувачФиат
Познат и какоПетка, Пе-зетка
Производство1967-1972
КласаСредна класа
Вид каросерија4-врати
Мотор1608 cc DOHV I4
Пренос4-брзини рачен менувач
5-брзини рачен менувач
3-брзини автоматски менувач
Меѓуоскино раст.2,505 m
Должина4,225 m
Ширина1,611 m
Висина1,390 m
Нетоварена тежина1055 кг
СродниФиат 1300/1500
SEAT 1430
Polski Fiat 125p
Застава 125pz Вито Априлија 50-ка
КонструкторДанте Џиакоза и Аурелио Ламперди

Фиат 125 - бил некогаш брз, луксузен автомобил од средна класа кој бил произведуван во Фиатовата фабрика во Торино во период помеѓу 1967 и 1972 година.

Концепт[уреди | уреди извор]

Големиот почетен успех на Фиат 1300/1500 од 1961 година на домашниот пазар во Италија бил нарушен со појавата на Алфа Ромео Џулија во 1962 и Ланчија Фулвија во 1963 година. Веќе бил забележлив трендот на изработка на нови возила со рамни, кубични форми на каросерии. Предвидениот наследник, моделот Фиат 132 бил планиран за доцните 60-ти, така што било неопходно создавање на нов производ во средната класа на автомобили со лимитирани буџетски средства.

Моделите Фиат 124 и Фиат 125 биле создавани паралелно и за многу краток период. Како основа се употребени веќе докажаните постоечки платформи од моделите 1300/1500 (за Фиат 124) и од моделот 1500L (за Фиат 125). Моторот е всушност надградена верзија на веќе постоечкиот и со спортски перформанси вградуван во Фиат 124 спајдер. Дополнителна динамика е постигната со вградување на двојна брегаста осовина во блокот на моторот, што пак од друга страна изискувало зголемување на работниот волумен од 1438 cm3 на 1608 cm3. Во однос на претходниот модел извршени се мали измени во ентериерот, рачката од менувачот веќе не е на волан, туку е сместена долу помеѓу седиштата, на предните седишта додадени се наслони за глава, сериски се вградуваат сигурносни појаси, додадена е полица помеѓу предните седишта и слично. Фиат 125 е прв автомобил во кој се вградуваат бришачи на предно стакло со самоконтрола на исклучување. Каросериски веќе не се практикуваат премногу хромираните декоративни лајсни. На сите 4 тркала се поставени диск кочници, a дијагоналните гуми 5.60-13 заменети се со радијални "tubeless" гуми 175 SR 13. Квадратните предни светла даваат прекрасен агресивен, спортски декор на новата каросерија.

Моторот развивал 90 КС при 6500 вртежи/мин. и постигнувал максимален момент од 130 Nm при 4000 врт/мин. Праксата покажала дека рамноправно се носи со соперниците на домашната сцена (Алфа Ромео и Ланчија) како и со наметливите нови модели на BMW 1602/1802/2002.

Производство[уреди | уреди извор]

Перформанси[уреди | уреди извор]

Модели[уреди | уреди извор]