Фецијал

Од Википедија — слободната енциклопедија
Фламен Лувр Ма 431
Фламен Лувр Ма 431

Фецијал (латински: Fetial) — вид свештеник во Стариот Рим, кои носеле одлука дали треба да се започне војна или не. Ако одлучеле дека треба да се води војна, тогаш четворица фецијали, предводени од најстариот свештеник (латински: pater patratus), оделе кај непријателот за да побараат соодветно задоволување при што се служеле со вообичаени изрази и формули. По 33 дена, ако одговорот не ги задоволел, и откако римскиот сенат и народот ќе даделе одобрение, врховниот свештеник ја објавувал војната така што фрлал копје на непријателската територија. Подоцна, поради големото пространство на Римското Царство, тоа не било можно, така што овој ритуал го изгубил значењето.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. A. V., „Objašnjenja“, во: Apulej, Zlatni magarac, Dereta, Beograd, 2011, стр. 226.