Прејди на содржината

Фестон

Од Википедија — слободната енциклопедија
Фестон во архитектурата. Зградата на Пантеонот, Париз.

Фестон — украсен елемент во архитектурата.

Се прикажува во облик на гирланда, преврзана со ленти. Понекогаш покрај тоа можат да бидат прикажани черепи на животни или маски (т.н. „букраниум“ и „маскарон“ соодветно).

Мотивот на фестонот потекнува од старите римски украси, кога лисја, цвеќиња или овошје се обвиткувале со ленти.

Потеклото на овој украсен мотив, веројатно, е поврзано со приказите во камен на гирланди од свежи цвеќиња, кои се закачувале над вратата во празничните денови или со нив се украсувале олтарите и надгробниците.[1][2]

Мотивот на гирландата бил користен и од Старите Грци и од Римјаните, и служел како главен украс на олтарите, фризовите и паноата.

Во шиењето се користи фестонскиот бод за да се обработат рабовите на ќебиња, чаршафи за маса, па дури и на одредени парчиња облека. Бодот фестон е сличен на бодот што се користи за дупки за копчиња, но бодовите се пооддалечени и треба да бидат многу рамномерни.

  1. Sturgis, стр. 22-23
  2. Chisholm, Hugh, ed. (1911). "Festoon". Encyclopædia Britannica. Vol. 10 (11th ed.). Cambridge University Press. стр. 294.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]