Фестивал на сатира „Џинот“

Фестивалот на сатирата „Џинот“[1] за прв пат се одржал на 17 октомври 2024 година. Овој фестивал е од меѓународен карактер и во чест на Јордан Хаџи Константонов – Џинот, македонски просветител кој е роден во Велес.
Историја
[уреди | уреди извор]Јордан Хаџи Константинов-Џинот е еден од зачетниците на просветителството во Македонија. Тој е докажан како учител со реализирање на идејата за воведување на народен македонски јазик во училиштата. Џинот четири децении работел на воведување на просветување на народен јазик како писател и сестран творец од областа на културата. Прво дело му е „Таблица перваја“ [2] внесена во употреба во 1845 година, кое служело како учебно помагало при основното описменување на учениците.
Опис на фестивалот
[уреди | уреди извор]Фестивалот на сатира се реализирал по иницијатива на велешкиот сатиричар Атанас Крлевски. Организатор на фестивалот бил Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“ од Велес со поддршка од Општина Велес и Локалната библиотека „Гоце Делчев“. Фестивалот,[3] според програмата, требало да трае два дена, но истиот се реализирал само на 17 Октомври.
Примарна цел на овој фестивал е негувањето на македонската сатирата и афирмација на Јордан Хаџи Константинов-Џинот кој во оваа област се појавува како прв македонски афорист. Сатирата како специфичен литературен вид кој го покажува и духот на еден народ и критичкиот однос кон животот, воопшто.
Темата на годинешниот фестивал на кој му претходел меѓународен конкурс за сатира бил на тема „Живот“, во чест и на афоризмите на Џинот чија тема биле за човекот, животот и светот.
Со положување на цвеќе на гробот на Јордан Хаџи Константинов-Џинот му се оддала почит а потоа активностиите продолжиле во неговата родна куќа во Велес и во Ликалната библиотека „ Гоце Делчев“ во Велес.
Манифестацијата се отворила со читање на песна посветена на Џинот од поетесата Павлина Климкар-Меанџиева. Проф. д-р. Васил Тоциновски одржал беседа за неговиот живот и дело.
Во рамките на фестивалот се промовирале книгите со афоризмиː
- „Групен афористички портрет“ од група автори од Балканот промотор бил Ристо Филчевски.
- 404 Секојдневизми“ од авторите Елеонора Николовска, Атанас Крлевски, Марјан Анѓеловски и Марија Ранѓеловиќ промотор Елизабета Бандиловска. Награди на фестивалотː Прва награда Славица Урумова – Марковска, втора награда Абдурахман Халиловиќ Ахил од Риека, Хрватска, трета награда Нада Караџиќ од Белград, Србија. Награда за најдобар афоризам Јане Атанасов од Кочани, Специјалната награда за етно-афоризам - Костадинка Витанова од Струмица.
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Васил Тоциновски беседа на фестивалот на сатира „Џинот“
-
Ристо Филчевски промотор на фестивалот на сатира „Џинот“
-
фестивалот на сатира „Џинот“ 2
-
фестивалот на сатира „Џинот“ 3
-
фестивалот на сатира „Џинот“ 4
-
Добитници на наградите од фестивалот на сатира „Џинот“
-
Атанас Крлевски чита сет афоризми на фестивалот на сатира „Џинот“
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Facebook“. www.facebook.com. Посетено на 2024-10-20.
- ↑ „Таблица перваја | Окно.мк“. okno.mk. Посетено на 2024-10-20.
- ↑ „Прв фестивал на сатирата во Велес „Џинот" (фото)“. Ти Реков Ми Рече (англиски). Архивирано од изворникот на 2024-11-09. Посетено на 2024-10-20.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]https://batali.net/vesti/lokalni-vesti/za-prv-pat-vo-veles-megunaroden-festival-na-satirata-dhinot/
https://kanal5.com.mk/vo-veles-odrzhan-prv-megjunaroden-festival-na-satirata-djinot-2024/a664925