Феро

Од Википедија — слободната енциклопедија
Феро оксид поправилно се именува како железо(II) оксид.

Феро (Fe2+), во хемијата, означува соединение на двовалентно железо, спротивно на фери, што означува соединение на тривалентно железо.[1] Употребата на овие термини е застарена, при што со сегашната МСЧПХ номенклатура оксидационата состојба се запишува во загради со римски бројки, на пр. железо(II) оксид за феро оксид (FeO), и железо(III) оксид за фери оксид (Fe2O3).

Надвор од хемијата, феро е придавка која се користи за да укаже на присуство на железо.[1] Зборот е изведен од латинскиот збор ferrum („железо“).[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Ferrous, Merriam-Webster, Посетено на 19 April 2008.
  2. Etymology (Meaning of Words), 30 November 2007, Архивирано од изворникот на 2008-04-20, Посетено на 19 April 2008.