Прејди на содржината

Фермиев парадокс

Од Википедија — слободната енциклопедија
Енрико Ферми (Лос Аламос, 1945 г.)

Фермиев парадокс (англиски: Fermi paradox) — прашање што произлегува од очигледната противречност помеѓу големата веројатност за вонземјански живот во вселената и недостатокот на докази или контакт со такви цивилизации. Именуван по физичарот Енрико Ферми, кој славно прашал: „Каде се сите?“ парадоксот ја нагласува разликата помеѓу огромниот број ѕвезди и планети што потенцијално би можеле да бидат домаќини на живот и отсуството на забележливи сигнали или заемодејства од напредните вонземјански општества.[1][2]

Направени се многу обиди за решавање на Фермиевиот парадокс. Тие ги вклучуваат идеите дека разумните вонземјански суштества може да се исклучително ретки, дека напредните цивилизации може да имаат краток животен век или дека такви цивилизации постојат, но сè уште не сме нашле докази за нив од различни причини.[3][4]

Образложение

[уреди | уреди извор]

Еве неколку клучни факти и хипотези што го истакнуваат очигледното противречие:

  • Млечниот Пат содржи милијарди ѕвезди слични на Сонцето. Многу од овие ѕвезди веројатно имаат планети слични на Земјата во нивните погодни зони.[5][6]
  • Значителен број од овие ѕвезди — и нивните планети — се многу постари од Сонцето.[7][8] Ако планетите слични на Земјата се вообичаени, некои би можеле да развијат разумен живот одамна.
  • Некои од овие напредни цивилизации можеби развиле меѓуѕвездено патување, замисла што во сегашноста се истражува од луѓето.
  • Дури и со бавното темпо на предложените методи за меѓуѕвездено патување, теоретски е можно да се помине галаксијата Млечен Пат во рок од неколку милиони години.[9]
  • Со оглед на тоа што многу ѕвезди слични на Сонцето се милијарди години постари од Сонцето, Земјата досега требало да биде посетена од вонземјански цивилизации или нивни сонди.[10]
  • И покрај овие можности, не постојат убедливи докази што претполагаат дека такви посети се случиле.[9]

Историја

[уреди | уреди извор]

Ферми не бил првиот што го поставил прашањето за вонземјански живот. Претходното, безусловно спомнување на ова истражување може да се проследи наназад до Константин Циолковски во необјавен ракопис од 1933 г.[11] Циолковски забележал дека негирањето на разумните суштества на другите планети се заснова на две главни точки: ако такви суштества постоеле, тие би ја посетиле Земјата, и ако напредните цивилизации биле таму, тие ќе оставеле некаков знак за нивно присуство. Додека многумина го земале ова како доказ против постоењето на вонземјански живот, Циолковски, кој верувал и во вонземјански живот и во можноста за вселенско патување, го гледал поинаку. Тој го предложил она што сега е познато како „хипотеза за зоолошката градина“, претполагајќи дека напредните цивилизации можеби намерно избегнуваат контакт со човештвото бидејќи сè уште не сме подготвени за такви заемодејства. Размислувањата на Циолковски за парадоксот биле под влијание на претходните мислители што исто така го доведувале во прашање отсуството на докази за вонземјански цивилизации.[12]

Во 1975 г., Мајкл Х. Харт ги дал едни од првите подробни испитувања на парадоксот. Тој тврдел дека ако постоеле разумни вонземјани способни за вселенско патување, тие би можеле да ја колонизираат галаксијата одамна, во временска рамка многу пократка од староста на Земјата. Отсуството на какви било забележливи докази за таква колонизација било она што Харт го нарекол „Факт А“.

Прашањето „Каде се тие?“ поврзано со Фермиевиот парадокс, исто така, се споменува и со други изрази, како што се „Големата тишина“ и латинската фраза „Silentium universi“, кои го нагласуваат недостатокот на докази за други цивилизации во вселената.[13][14]

Изворни разговори

[уреди | уреди извор]
Национална лабораторија Лос Аламос, во Лос Аламос, Ново Мексико, САД

Во летото 1950 г., во Националната лабораторија во Лос Аламос во Ново Мексико, Енрико Ферми, заедно со неговите колеги Емил Конопински, Едвард Телер и Херберт Јорк, учествувале во неколку расправии за време на ручек. За време на една од овие расправии, Ферми одеднаш прашал: „Каде се сите?“ (според Телер), „Не се ли прашувате некогаш каде се сите?“ (како што се сеќава Јорк), или „Ама каде се сите?“ (во верзијата на Конопински). Телер забележал дека наглото прашање на Ферми довело до општа смеа, бидејќи сите присутни веднаш сфатиле дека тој мислел на вонземјански живот.

До 1984 г., Јорк се присетил дека Ферми спровел низа пресметки во врска со веројатноста за појава на планети слични на Земјата, веројатноста за појава на живот на таквите планети, шансите за развој на разумен живот и потенцијалното времетраење на напредните цивилизации. Ферми заклучил дека, со оглед на овие веројатности, требавме да бидеме посетени од вонземјански цивилизации одамна и тоа повеќепати. Телер се сетил дека расправијата не довела до многу понатамошни дејства, освен размислувањето дека огромните растојанија меѓу ѕвездите може да значи дека Земјата е во оддалечен дел на галаксијата, далеку од раздвижените средишта на дејност.[15]

По смртта на Ферми во 1954 г., д-р Ерик Џонс од Лос Аламос се обидел да ги преустрои подробностите од овој разговор десетлетија подоцна. Во 1984 г., тој им пишал на преживеаните членови на групата — Телер, Јорк и Конопински — барајќи нивен придонес за составен отчет што ќе биде вклучен во зборникот на конференцијата насловена „Меѓуѕвездената преселба и човечкото доживување“. Џонс првично дошол во допир со Телер, кој потоа ги дал неговите сеќавања и приказна од втора рака од Ханс Марк. Џонс подоцна ја споделил оваа информација со Јорк, кој одговорил, а потоа и со Конопински. Конопински можел да утврди цртан филм поврзан со нивниот разговор, помагајќи да се потврди дека расправата се одржала летото 1950 г.

  1. Woodward, Avlin (September 21, 2019). „A winner of this year's Nobel prize in physics is convinced we'll detect alien life in 100 years. Here are 13 reasons why we haven't made contact yet“. Insider Inc. Посетено на September 21, 2019.
  2. Krauthammer, Charles (December 29, 2011). „Are We Alone in the Universe?“. The Washington Post. Архивирано од изворникот December 10, 2014. Посетено на January 6, 2015.
  3. If the Universe Is Teeming with Aliens ... WHERE IS EVERYBODY?: Seventy-Five Solutions to the Fermi Paradox and the Problem of Extraterrestrial Life, Second Edition, Stephen Webb, foreword by Martin Rees, Heidelberg, New York, Dordrecht, London: Springer International Publishing, 2002, 2015.
  4. Urban, Tim (June 17, 2014). „The Fermi Paradox“. Huffington Post. Архивирано од изворникот April 2, 2017. Посетено на January 6, 2015.
  5. „Star (astronomy)“. Encyclopædia Britannica. Архивирано од изворникот March 1, 2016. Посетено на February 4, 2016. "With regard to mass, size, and intrinsic brightness, the Sun is a typical star." Technically, the sun is near the middle of the main sequence of the Hertzsprung–Russell diagram. This sequence contains 80–90% of the stars of the galaxy. [1] Архивирано на 16 јули 2011 г.
  6. Buchhave, Lars A.; Latham, David W.; Johansen, Anders; и др. (2012). „An abundance of small exoplanets around stars with a wide range of metallicities“. Nature. 486 (7403): 375–377. Bibcode:2012Natur.486..375B. doi:10.1038/nature11121. ISSN 0028-0836. PMID 22722196. S2CID 4427321.
  7. Schilling, G. (June 13, 2012). „ScienceShot: Alien Earths Have Been Around for a While“. Science. Архивирано од изворникот August 9, 2015. Посетено на January 6, 2015.
  8. Aguirre, V. Silva; G. R. Davies; S. Basu; J. Christensen-Dalsgaard; O. Creevey; T. S. Metcalfe; T. R. Bedding; и др. (2015). „Ages and fundamental properties of Kepler exoplanet host stars from asteroseismology“. Monthly Notices of the Royal Astronomical Society. 452 (2): 2127–2148. arXiv:1504.07992. Bibcode:2015MNRAS.452.2127S. doi:10.1093/mnras/stv1388. S2CID 85440256. Accepted for publication in MNRAS. See Figure 15 in particular.
  9. 9,0 9,1 Hart, Michael H. (1975). „Explanation for the Absence of Extraterrestrials on Earth“. Quarterly Journal of the Royal Astronomical Society. 16: 128–135. Bibcode:1975QJRAS..16..128H.
  10. Chris Impe (2011). The Living Cosmos: Our Search for Life in the Universe. Cambridge University Press. стр. 282. ISBN 978-0-521-84780-3.
  11. Tsiolkovsky, K. (1933). The Planets are Occupied by Living Beings, Archives of the Tsiolkovsky State Museum of the History of Cosmonautics, Kaluga, Russia. See original text in Russian Wikisource.
  12. Lytkin, V.; Finney, B.; Alepko, L. (December 1995). „Tsiolkovsky – Russian Cosmism and Extraterrestrial Intelligence“. Quarterly Journal of the Royal Astronomical Society. 36 (4): 369. Bibcode:1995QJRAS..36..369L.
  13. Milan M. Ćirković (2009). „Fermi's Paradox – The Last Challenge for Copernicanism?“. Serbian Astronomical Journal. 178 (178): 1–20. arXiv:0907.3432. Bibcode:2009SerAJ.178....1C. doi:10.2298/SAJ0978001C. S2CID 14038002.
  14. Bostrom, Nick (May 2008). „In Great Silence there is Great Hope“ (PDF). MIT Technology Review. стр. 72–77. Архивирано (PDF) од изворникот February 28, 2011. Посетено на September 6, 2010.
  15. "Where is everybody?": An account of Fermi's question" Архивирано на 29 јуни 2007 г., Dr. Eric M. Jones, Los Alamos technical report, March 1985. Jones wrote to Edward Teller on July 13, 1984, Herbert York on Sept. 4, and Emil Konopinski on Sept. 24, 1984.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]