Фередоксински склоп

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Лента дијаграм на ацилфосфатаза (PDB код 2ACY), која има структура на фередоксински склоп со екстра β-нишка на C-терминалот (црвено обоена). Лентата е обоена од сина (N-терминал) до црвена (C-терминал).

Во белковинската структура, фередоксинскиот склоп е чест α+β белковински (протеински) склоп со βαββαβ секундарна структура на полипептидниот синџир.[1] Структурно, фередоксинскиот склоп може да се смета како долга, симетрична шнола, која еднаш е свиена околу себе, така што нејзините две терминали β-нишки водородно се врзуваат за двете централни β-нишки, формирајќи четвороверижна, антипаралелна β-плоча, која од едната страна е покриена со два α-хеликса.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Whitford, David (2005-04-29). Proteins: Structure and Function (англиски) (изд. 1.). Chichester: Wiley. ISBN 9780471498940.CS1-одржување: датум и година (link)