Фердинанд (филм од 2017)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Фердинанд (англиски: Ferdinand) - американски анимиран филм од 2017 година, во режија на Карлос Салдана. Гласовите ги позајмуваат: Џон Сена, Кејт МекКинон, Боби Канавале итн.

Содржина[уреди | уреди извор]

Фердинанд е слабо теле што живее на фарма на која се одгледуваат бикови за корида. Неговиот татко е најсилниот бик и еднаш заминува во борба, но повеќе не се враќа назад. Тогаш, Фердинанд бега од фармата и заминува далеку во едно село. Во неговиот нов дом, Фердинанд ужива во прекрасната природа при што се зближува со девојчето Нина. Постепено, тој израснува во огромен бик. Еден ден, за време на локалниот саем на цвеќиња, тој ненамерно уништува сè околу себе и поради тоа го заробуваат и го пренесуваат на една фарма за бикови. Всушност, тоа е фармата каде се родил тој и таму повторно ги среќава своите другари кои во меѓувреме израснале во бикови чија желба е да бидат избрани за борба. Еден ден, на фармата пристигнува славниот тореадор кој за својата последна борба сака да го избере најдобриот бик. Сите бикови на фармата се натпреваруваат со цел да бидат избрани, а само Фердинанд не сака да се бори. Со помош на група ежови, Фердинанд има можност да побегне, но тогаш дознава дека биковите гу убиваат на коридата и затоа останува на фармата и ги спасува своите другари. Меѓутоа, сопственикот на фармата ги брка и конечно, на железничката станица во Мадрид, тој успева да го фати Фердинанд. Така, Фердинанд влегува во арената, каде се бори со славниот тореадор. Најпрвин, тој си поигрува со него, а потоа го крева на роговите. Кога тореадорот ги зема мечевите за да го убие, Фердинанд мирно седнува пред него, а публиката бара од тореадорот да не го убива бикот. Тогаш, во арената влегуваат Нина и другарите на Фердинанд. Така, тој останува жив, а потоа сите заедно се селат во домот на Нина.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]