Феминистичка антропологија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Феминистичката антропологија е интердисциплинарен пристап кон проучување на антропологијата (археолошки, биолошки, културни, лингвистички), чија цел е трансформација на постојните истражувања, социјални практики, како и развој на научни знаења, земајќи ја предвид феминистичката теорија. Концептот вклучува различни истражувачки позиции, идеја за културна конструкција на родова нееднаквост добиена врз основа на етнографски материјал, како и теории и методи за анализа на крос-културолошката варијабилност на родовите односи.

Корените на феминистичката антропологија[уреди | уреди извор]

Се издвојуваат следниве историски фази на формирање на феминистичката антропологија: „антропологија на жената“, „антропологија на родот“ и, конечно, појава на феминистичка антропологија како таква. Потеклото што претходи на феминистичката антропологија како поддисциплина се наоѓа веќе на крајот на 19 век. Ермини А. Смит (Erminnie A. Smith), Алис Канингам Флечер (Alice Cunningham Fletcher), Матилда Кокс Стивенсон (Matilda Coxe Stevenson), Франсис Дансмор (Frances Densmore) многу од овие жени биле самоуки антрополози, меѓутоа, нивното научно наследство се изгубило поради „професионализација“ на науката на крајот на XIX и XX век. За разлика од нив Маргарет Мид [1] и Рут Бенедикт[2] играа важна улога во развојот на феминистичката антропологија. Женските антрополози од различни раси и етникуми исто така дадоа значителен придонес во развојот на дисциплината. Хортенс Правдермејкер (Hortense Powdermaker), современичка на Маргарет Мид и студентка на британскиот антрополог Бронислав Малиновски, спроведе голем број студии во атипични услови за тоа време и за голем број нетрадиционални теми за антрополошка наука како: репродукција на потомство и жени во Меланезија (Powdermaker 1933), пол и производство во Холивуд (1950), и други. Исто така, Зора Ниел Харстон (Zora Neale Hurston), студентка на Франц Боас, експериментирала со форми на раскажување приказни, надминувајќи ја „објективната етнографија“, што во тоа време се сметало за псевдоука.

Антропологијата на жените беше претставена во книгата на Пеги Голд „Жените, културата и општеството, уредена од Мишел Розалдо и Луис Лампер во 1974 година. Како што тврди Голд, машките антрополози ретко имале можност да ги проучуваат жените во племиња и општества заради потенцијалната сексуална закана што им се заканувала. Како резултат на тоа, биле добивани приказни за жени, раскажани од гледна точка на мажите кои биле сосема погрешни. Втората фаза во развојот на антропологија на жената е поврзана со позајмување на идеи од работата на ЕнгелсПотеклото на семејството, приватната сопственост и државата“, што посочи дека нееднаквоста во положбата на мажите и жените во општеството не постоела секогаш и настанала како резултат на зајакнување на капитализмот како модел на производство, а извршено е угнетување на жените од страна на мажи за поддршка на капиталистичкиот систем. Како резултат на терминот „родов систем“ предложен во делото на Гаил Рубин „Размена на жени“ (1975), антропологијата на жените се претвори во антропологија на родот. Родот, според Гејл, е систем на значења и врски поврзани со биолошкиот пол, но не и идентичен со него. Жените не се универзална заедница или самоочигледна категорија.

Во моментов, феминистичката антропологија ја надмина антропологијата на родот, за да се вклучи и проучувањето на женското тело под влијание на културни, медицински, економски и други влијанија. Денес феминистичката антропологија е место каде се поврзуваат културните студии, историјата, литературата, етничките студии, социологијата, етнологијата, филозофијата итн.

Антропологија на жената[уреди | уреди извор]

Антропологијата на жената потекнува од седумдесеттите години на XX век од рамките на т.н. културна антропологија - што е скоро синоним за социјална антропологија - што, пак, потекнува од класичната антропологија во првите децении на дваесеттиот век. За разлика од класичната антропологија, културната, т.е. социјалната антропологија (социокултурната антропологија), како и нејзината потомска антропологија на жените, се заснова на доктрината за културниот детерминизам. Во дваесеттиот век, антропологијата во голема мерка ги отфрли еволутивните и натуралистичките простории за кои се залагаше основачот на класичната антропологија, Тајлор (Edward Burnett Tylor) (1832-1917) и го прифати концептот на Франц Боас[3] (1858-1942) за културниот детерминизам. Тој ја занемари еволутивната теорија и концептот на биолошки детерминизам. Културниот детерминизам [4] беше особено распространета теорија во 20 век од Маргарет Мид (1901-1978), таа се залагаше за тезата дека културата може да го промени однесувањето на адолесцентите на неодредено време. Но, нејзините откритија беа оспорени од антропологот Дерек Фримен[5] (Derek Freeman) (1916-2001).

Антропологијата на жената се претставува како додаток на општата антропологија. Но, додека антропологијата - по дефиниција - се занимава со човекот во инклузивна смисла на зборот, имено човечкото суштество: и машко и женско, антропологијата на жената се занимава само со еден пол - женката и оттука недостасува антропологијата на мажот. Антропологијата на жената првенствено се занимава со етнологија, но во поширока смисла се занимава и со историографија, археологија, палеонтологија, социологија, политички науки и други деривати и комбинации од нив, што им дава на „женските студии“ карактеристиките на мултидисциплинарни студии.

Покрај културната или социјалната антропологија (или социокултурната антропологија), во антропологијата на 20 век доминира структуралната антропологија, чиј творец беше францускиот антрополог Клод Леви-Строс (1908-2009). Како и културната антропологија, структуралната антропологија беше негативно ориентирана кон биологијата. Во Основните структури на сродството, Клод Леви-Строс се занимава со субјективно значење на сродството, а не за објективно сродство како што прават генетичарите. Тој инсистираше на тоа дека инцестот е првиот табу што го прави преминот од природата во културата и дека егзогемијата е таму за кохезија на групата. Тој не гледа биолошка основа на секоја социјална организација, остро раздвојувајќи ја природата и културата, Клод Леви-Строс ја врати антропологијата во периодот пред дарвинскиот период.

Сè на сè, од социјалната и културната антропологија, како и од структуралната антропологија, се појави антропологијата на жената, која ја презеде нивниот метод на културен или социјален детерминизам.

Антропологија на родот[уреди | уреди извор]

За да ја истакнат нивната победа над биологијата, феминистките ги нарекуваат своите студии не само „женски“ (антропологија на жената) - име што е јасно е сексистички по својата пристрасност - туку „родови студии“, односно антропологија на родот и полот. Феминистичките теоретичари објаснуваат дека „родот“ е културно преобличен од „полот„. Во таа насока е и позната реченица на Симон Де Бовоар која вели: „Јас не се раѓам како жена, јас тоа станувам“. Ова теорија е под претпоставката дека родот нема никаква поврзаност со природниот пол. Во „родовите студии“, преовладува теоријата каде родот е сопствена себетворба на полот, оттука полот и родот се меѓусебно спротивставени (опозиција), и се застапува тезата дека родот е сè што не е пол. За биолозите, таквата разлика е безначајна. Родот произлегува од полот и не може да се направи разлика помеѓу нив. За нив Културата јасно зависи од природата, а нивната остра концептуална поделба е произволна. Човечкиот мозок не е бесконечно растеглив и обличен. Има природни граници на обликот и влијанието на културата врз неа, колку и да е големо, не е неограничено. Човекот е прилагодливо битие, но таа прилагодливост има граници.

Во целина, антропологијата е долг период под силно влијание на феминизмот. Всушност, влијанијата се меѓусебни. Антропологијата влијаела и врз феминизмот и обратно.

Етнологијата и феминистичката антропологија[уреди | уреди извор]

Феминизмот исто така навлезе во етнологијата, наука која ги проучува народните обичаи. Ова е делумно затоа што денес жените доминираат меѓу етнолозите. Повеќето од вработените во Етнографскиот институт на САНУ денес се жени. Во етнологијата, како и во другите општествени науки, влијанието на феминизмот се препознава пред сè со влијанието на културниот детерминизам - теорија која тврди дека целото човеково однесување е културно условено и дека инстинктивните делови на човечката личност не играат никаква улога. Иако културните фактори се многу важни, доктрината на културниот детерминизам за некои автори се смета за погрешна. Тие велат дека постои суштинско психичко единство на човештвото меѓу луѓето од сите култури. Ова тешко може да се објасни со доктрината на културната одредница.

Критики кон феминистичката антропологија[уреди | уреди извор]

Феминистичката антропологија е критикувана уште од своето основање од повеќе причини. Критиката дојде од антрополозите на етничкото малцинство. Тие ги критикуваа антрополозите - бели жени од средна класа, чии научни активности во суштина беа ограничени на родовите студии. Тие тврдат дека обемот на студијата не вклучува студија за социјални нееднаквости кои произлегуваат од проблеми како што се расизмот и нееднаквоста на богатството. Покрај тоа, феминистичките антрополози се обвинети дека репродуцирале ситуација што првично ја критикувале. Сепак, феминистичката антропологија честопати го пресликала горенаведениот модел: жените ги проучувале жените. За возврат, феминистичката антропологија одговори на оваа критика фокусирајќи се не само на жените, туку на родот и полот како категории на проучување, оддалечувајќи се од „антропологијата на жените“ и осврнување на „антропологијата на родот“. Конечно, феминистичката антропологија отсекогаш била тесно поврзана со феминистичкото движење, што пак довело до политизација на дисциплината. Ваквата состојба доведува до голем број проблеми: Прво, духот на радикализмот се оддалечува многу од дисциплината. Второ, ваквата политизација води до сомнежи за непристрасност на истражувањето.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Мид, Маргарет - Реферат“. works.doklad.ru. Посетено на 2020-08-26.
  2. „Рут Бенедикт“. www.livelib.ru. Посетено на 2020-08-26.
  3. Lewis, Elizabeth. „Franz Boas, Father of American Anthropology“. ThoughtCo (англиски). Посетено на 2020-08-26.
  4. Младеновски, Ѓорге. „ЕВОЛУЦИОНИЗМОТ ВО СОВРЕМЕН AT A АНТРОПОЛОГИЈА“ (PDF). http://periodica.fzf.ukim.edu.mk/. Надворешна врска во |work= (help)
  5. „Derek Freeman - Anthropology - iResearchNet“ (англиски). Посетено на 2020-08-26.