Фелисберто Ернандез

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Фелисберто Ернандез (шпански: Felisberto Hernández; 1902-1964) - уругвајски писател.

Животопис[уреди | уреди извор]

Ернандез е роден во Монтевидео, во 1902 година. На шестгодишна возраст се запишал во католичко училиште, на деветгодишна возраст почнал да учи да свири на клавир, кога имал 15 години, веќе свирел на проекциите на немите филмови, а подоцна одржувал концерти по провинциските места.[1]

Творештво[уреди | уреди извор]

Ернандез е најпознат како автор на кратки раскази. Свежината на стилот, необичните метафори и јасниот, богат јазик го прават различен од другите латиноамерикански писатели. Неговото книжевно дело е тесно поврзано со музичката кариера. Неговата најпозната книга е „Никој не ги палеше светилките“ која ги содржи неговите најпознати раскази, како: „Изгубениот коњ“, „Балкон“, „Никој не ги палеше светилките“, „Крокодил“, „Поплавената куќа“ итн.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Riba, patka, vodozemac: Priče o životinjama (Priredila Ljubica Arsić). Beograd: Laguna, 2014, стр. 284.