Феликс Санчез

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Феликс Санчез
Лични податоци
НационалностАмериканец
Роден(а)30 август 1977 (1977-08-30) (42 г.)
Њујорк, САД
ЖивеалиштеКалифорнија, САД
Висина&100000000000001780000001,78 м
Тежина73 kg (161 lb)
Спорт
СпортАтлетика
Дисциплини400 м со пречки

Феликс Санчез (роден на 30 август 1977 г.) е доминикански атлетичар. Тој се натпреварува во дисциплината 400 метри со пречки.

Санчез е двократен олимписки златен медалист, победувајќи на игрите во 2004 и 2012. Тој го освоил златниот медал на трката на 400 метри со пречки на Светското првенство 2001 и успешно го одбранил на Светското првенство 2003.

Санчез е познат по многу прекари: "Супер Феликс," "невидливиот," "Супермен," и "диктаторот."[1] Олимпискиот стадион Феликс Санчез, најголемиот стадион во Доминиканската република е именуван по него.

Ран живот[уреди | уреди извор]

Санчез е роден во Њујорк од доминикански родители и израснал во Сан Диего, Калифорнија.[2] Тој се школувал во средното училиште University City High School а потоа на колеџот Меса во Сан Диего. Феликс се запишал на студии по психологија на Универзиетот Јужна Каролина во 1998 година.[3][4] Натпреварувајќи се за универзитетскиот клуб, тој станал универзитетски шампион на 400 метри со пречки и на 4 × 400 метри.[3]

Кариера[уреди | уреди извор]

Санчез одлучил да се натпреварува за Доминиканската Република на меѓународните натпреварувања, и својот прв настап за државата го имал на Панамериканските игри во 1999 година.[5] Помеѓу 2001 и 2004 година тој победил на 43 последователни трки[5] во дисциплината 400 метри со пречки, вклучувајќи ги и трките одржани на светските првенства во Едмонтон 2001 и во Париз 2003. Во 2002, тој бил добитник на џекпотот од еден милион долари кој се доделува во дијамантската лига, откако бил победник на сите седум трки на 400 метри со пречки.

На Панамериканските игри во 2003, Санчез го освоил првиот златен медал за Доминиканската Република на игрите и исто така го соборел рекордот на игрите во дисциплината 400 метри со пречки.[6] Во 2003 тој бил прогласен за атлетичар на годината од страна на списанието Атлетски вести (Track and Field News). На Летните олимписки игри 2004, тој го освоил првиот олимписки златен медал за својата држава победувајќи на трката на 400 метри со пречки.

За време на својата победничка серија на 43 трки[5], од 2001 до 2004, Санчез бил познат по тоа што носел црвен стегач на раката. Стегачот кој го добил како сувенир од игрите во Сиднеј му служел како мотивација откако таму тој не успеал да се пласира во финалето. Откако го освоил златниот олимписки медал во Атина 2004, Санчез го дал стегачот на ИААФ за аукција а собраните парите биле донирани за хуманитарни цели.[5] На првата трка по летните олимписки игри – и прва трка без стегачот – на митингот во Брисел, Санчез се повредил и не ја завршил трката.[7]

Во 2012, на 34-годишна возраст, Санчез се натпреварувал на Летните олимписки игри 2012. Тој најпрво истрчал најдобро време во квалификациите, а потоа победил во финалето со време од 47.63 секунди, исто како и победничкото време во Атина 2004 и негово најбрзо истрчано време во последните осум години.[8] Со освојувањето на олимписката титула, тој станал најстариот победник во дисциплината 400 метри со пречки.[8] До тој момент тој бил единствениот олимписки медалист за Домиканската Република но 45 минути подоцна, Лугелин Сантос успеал да го освои сребениот медал на трката на 400 метри. За неговиот настап во Лондон, Санез ја добил наградата Лауреус за камбек на годината.[9]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Спортски позиции
Претходник
САД Анџело Тејлор
Најдобар резултат во сезоната на 400 м со пречки
2001–2004
Наследник
САД Керон Клемент
Награди
Претходник
Нема
Спортист на годината за Средна Америка и Карибите
2004
Наследник
Јамајка Асафа Пауел
Претходник
Северна Ирска Дарен Кларк
Лауреус награда за камбек на годината
2012
Наследник
Шпанија Рафаел Надал
Олимписки игри
Претходник
Ванда Рихо
Знаменосец за  Доминиканска Република на
Летните олимписки игри 2004
Летните олимписки игри 2008
Наследник
Габриел Мерседес