Фелибриж

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Фелибриж (француски: Félibrige)- книжевна школа и здружение за обнова на провансалкиот јазик и култура, основано во средината на 19 век. Основачи и најистакнати претставници на фелибристите се Фредерик Мистрал, Теодор Обанел, Анселм Матје и Жозеф Руманиј. Другите тројца основачи на движењето, сликарот-поет Жан Брине, нотарот-поет Пол Гиера и земјоделецот-писател Алфонс Таван, не оставиле поголема трага во книжевноста. Како најстар и најучен, Руманиј бил водач на „Фелибриж“.[1]

Настанувањето на друштвото[уреди | уреди извор]

Во предговорот на својата збирка раскази „Писма од мојот млин“, Доде го опишува постанокот на „Фелибриж“, велејќи дека „пет-шест добри другари, со детска насмевка и со апостолски бради“ започнале да се состануваат во малото село Maillane каде живеел Мистрал. Тие често се состанувале во Aliscamps, во урнатините на Ville de Baux, на островот Barthelasse наспроти тврдината во Авињон и во Châteaune-uf-des-Papes[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Alphonse Daudet, Pisma iz mog mlina. Zagreb: Znanje, 1986, стр. 13-16.
  2. Alphonse Daudet, Pisma iz mog mlina. Zagreb: Znanje, 1986, стр. 13-16.