Фајчук

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Островите Чук.

Фајчук или Тол е островска група во сојузната држава Чук во Микронезија. Островската група е составена од 4 острови кои се одделени со тесни канали. Овие четири острови сочинуваат една од општините во државата.

Острови[уреди | уреди извор]

Четирите острови се Пата, Поле, Вонеј и Тол. Вкупната површина на островите е 34 км2 и имаат население од 10.201[1]. Островите се воглавно ридски и највисок врв е Винипот со443 метри надморска височина.

Површината на одделните острови е:

  • Тол - 10.3 км2
  • Вонеј - 10.0 км2
  • Поле - 9.3 км2
  • Пата - 4,4 км2

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Chuuk 2000 census[мртва врска]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Координати: 07°21.14′N 151°36.51′E / 7.35233° СГШ; 151.60850° ИГД / 7.35233; 151.60850