Фајт Харлан

Од Википедија — слободната енциклопедија
Фајт Харлан
Veit Harlan
Харлан во 1949 г.
Роден(а)22 септември 1899(1899-09-22)
Берлин, Германско Царство
Починал(а)13 април 1964(1964-04-13) (возр. 64)
Капри, Италија
Занимање
  • режисер
  • глумец
Сопружник
Деца5

Фајт Харлан (германски: Veit Harlan; 22 септември 189913 април 1964) — германски глумец и режисер. Неговите дела, односно неговата работа како режисер за време на периодот на националсоцијализмот, вклучувајќи ги и неговите пропагандни филмови Евреинот Зис и Колберг го направиле Харлан контроверзен до денешен ден.

Живот[уреди | уреди извор]

Фајт Харлан е роден во Шарлотенбург, Берлин, како син на писателот Валтер Харлан и неговата сопруга Адел. Се родил како четврто дете по неговиот брат Валтер, неговата сестра Естер (1895-1975) и неговиот брат Петар (1898-1966). По него биле родени неговиот брат Фриц Мориц (1901-1970) и неговите сестри Берта Елис (1906-?) и Неле (1908-2004). По завршувањето на предавањата во Макс Реинхарт, Харлан за првпат се појавил во јавноста во 1915 година на театарска сцена. Во 1916 година се пријавил како волонтер во војна и бил поставен на Западниот фронт.

Почетоци како глумец[уреди | уреди извор]

По Првата светска војна во 1919 година тој станал глумец-доброволец во Берлин Фолксбин на поранешниот Булоплац, на чиј ансамбл му припаѓал од 1920 до 1922 година. Од средината на 1920-тите Харлан, исто така, играл улоги во повеќе филмови, односно почнал активно да глуми.

Семејство[уреди | уреди извор]

Освен децата на Харлан и неговата жена се споменуваат неговата внука Кристијан Кјубрик, вдовицата на режисерот Стенли Кубрик и неговиот внук Јан Харлан, кој е продуцент на неколку филмови.

Наводи[уреди | уреди извор]