Фахрониса Зејд

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Фахрониса Зејд
Princess Fahrelnissa Zeid family 1937.jpg
Принцезата Зејд со нејзините деца принцезата Ширин и принцот Раад, во Берлин (1937).
Роден(а)Фахрониса Шакир
7 јануари 1901
Бјујукада, Истанбул, Отоманска империја
Починал(а)5 септември 1991 (на 90 години)
Аман, Јордан
Познат(а) поСлики, скулптури, колажи
СопружникИзет Мелих Деврим
Принцот Зејд бин Хусеин

Фахрониса Зејд (арап. الأميرة فخر النساء زيد) Fakhr un-nisa или Fahr-El-Nissa (7 јануари 1901 - 5 септември 1991 година) — турска уметничка најдобро позната по нејзините апстрактни слики со калеидоскопски зашароци. Преку разни цртежи, литографии и скулптури, нејзините дела ги комбинирале елементите на исламската и византиската уметност со апстракцијата и други влијанија од Западот. Зејд беше една од првите жени кои студирале на уметничко училиште во Истанбул.[1] Таа живееше во разни градови и стана дел од авангардните сцени на Истанбул, предвоен Берлин и повоен Париз. Нејзините дела беа изложени во разни институции во Париз, Њујорк и Лондон, вклучувајќи го и Институтот на современа уметност во 1954 година.[2] За време на 1970-тите години таа се пресели во Аман, Јордан, каде што основала уметничко училиште. Во 2017, Тејт Модерн во Лондон организираше голема ретроспектива на уметничката и ја нарече "една од најзначајните женски уметници од 20-тиот век."[3] За време на 1930-тите, таа стапи во брак со член на хашемитското кралско семејство на Ирак и е мајка на принцот Раад бин Зејд и баба на принцот Зејд бин Раад.

Биографија[уреди | уреди извор]

Ран живот[уреди | уреди извор]

Фахрониса Шакир (седната на лево), со нејзиното семејство, Бјујукада (околу 1910 година).

Фахрониса Зејд била родена како Фахрониса Шакир во елитно отоманско семејство на островот Бјујукада. Нејзиниот чичко, Џеват Чобанли паша служеше како голем везир на Османлиската империја од 1891 до 1895 година. Татко ѝ на Зејд, Шакир Паша беше назначен за амбасадор во Грција, кадешто тој се сретна со нејзината мајкта, Сара Исмет Ханим.[4] Во 1913 година, татко ѝ на Зејд беше фатално погоден со куршум и нејзиниот брат, исто така наречен Џеват, бил осуден за неговото убиство.

Зејд почна да црта и слика на рана возраст. Нејзиното најрано преживеано дело е портрет на нејзината баба, насликан кога таа беше 14 години.[5] Во 1919 година, Зејд се запиша на Академијата за ликовна уметност за жени во Истанбул.

Во 1920, на возраст од деветнаесет, Зејд стапи во брак со писателот Изет Мелих Деврим.[6] За нивниот меден месец, Деврим ја однесе Зејд во Венеција, каде што таа беше изложена на европските сликарски традиции за прв пат.[7] Тие имале три деца заедно. Нејзиниот најстар син, Фарук (роден во 1921 година), почина од скарлатина во 1924 година. Нејзиниот син Нејад (роден во 1923 година) стана сликар, а нејзината ќерка Ширин Деврим (родена во 1926 година) стана актерка.

Зејд отпатувала во Париз во 1928 година и таму се запишала на Académie Ranson, каде што студирала под сликарот Роже Бисер. По нејзиното враќање во Истанбул во 1929 година, Зејд се запиша на Истанбулската академија за ликовни уметности.[8]

Нејзиниот брат Џеват Шаир Кабаагачли бил писател, а нејзината сестра Алије Бергер била сликар.[9]

Принцот и Принцезата Зејд Ал-Хусеин со нивните деца принцезата Ширин и принцот Раад, во Багдад (1938).

1930-1944[уреди | уреди извор]

Зејд се разведе од Деврим во 1934 година и стапи во брак со принцот Зејд бин Хусеин од Ирак, кој беше назначен како прв амбасадор на Кралството Ирак во Германија во 1935 година. Парот се пресели во Берлин каде Зејд организирала многу општествени настани во нејзината улога како сопруга на амбасадорот. По анексијата на Австрија во март 1938 година, принцот Зејд и неговото семејство се вратиле во Ирак, престојувајќи во Багдад.

Зејд падна во депресија во Багдад и по совет од виенски доктор се врати во Париз по кратко време.[10] Таа ги помина следните години од нејзиниот живот патувајќи помеѓу Париз, Будимпешта и Истанбул, обидувајќи се да се потопи себеси во сликарството и да се опорави.[11] Во 1941 година таа се врати во Истанбул и се фокусирала на нејзиното сликарство.

Зејд стана вклучена во Group D во Истанбул, авангардна група на сликари кои сликале во новоформираната Република Турција под Мустафа Кемал Ататурк.[12] Иако нејзината поврзаност со групата беше краткотрајна, учествувајќи на изложбите на Group D од 1944 година и даде на Зејд доверба во себе дека и таа може да има сопствени изложби. Таа ја одржа својата прва лична изложба во нејзиниот дом во Мачка, Истанбул во 1944 година.[9]

1945-1957[уреди | уреди извор]

Во 1945 година, Зејд ги ослободи салонските простории на нејзиниот стан во Истанбул и ја одржа својата прва самостојна изложба.[13] Во 1946 година, по уште две самостојни изложби, во Измир во 1945 година и во Истанбул во 1946 година, Зејд се релоцирала во Лондон, каде принцот Зејд Ал-Хусеин стана првиот амбасадор на Кралството Ирак во Судот на Свети Џејмс. Зејд продолжи да слика, претворајќи една соба во ирачката амбасада во свое студио.[14]

Од 1947 година, праксата на Зејд стана се покомплексна и нејзините дела преминале од симболично сликарство во апстракција. Зејд беше под влијание на апстрактните стилови на Париз во повоениот период. Таа уникатно ги спои нејзините персиски, византиски, критски и ориентални корени со концепти, стилови и техники на модернизмот во нејзината сликарска пракса.[15]

Таа одржа изложба во Лондон во Галеријата на Свети Џорџ во 1948 година. Елизабета кралицата мајка присуствуваше на отворањето. Поради нејзината позиција во кралското семејство на Ирак, многу членови од високото општество присуствувале на нејзините изложби. Уметничкиот критичар Морис Колис ја разгледа нејзината изложба од 1948 година и тие подоцна станале пријатели. Позниот француски уметнички критичар и куратор Чарлс Естиен стана голем поборник на творештвото на Зејд.

Во текот на следната деценија, живеејќи меѓу Лондон и Париз, Зејд ги наслика некои од нејзините најдобри дела, експериментирајќи со апстрактни монументални платна кои го транспортирале гледачот во калеидоскопски универзуми преку нивните значителни употреби на линии и различни бои.[16] Зејд имала изложба во Galerie Dina Vierny во 1953 година, откривајќи ги нејзините нови апстрактни дела како Октоподот од Тритон и Саргасоското море. Изложбата отпатувала до Институтот на современа уметност во Лондон во 1954 година. Во средината на 1950-тите Зејд го достигна врвот на нејзината кариера. За време на овој период, таа стана пријатели со група на меѓународни уметници како Жан-Мишел Атлан, Жан Дубуфо и Сергеј Полјаков, кои експериментирале со гестурална апстракција.[17]

1958-1991[уреди | уреди извор]

Во 1958 година, Зејд го убеди нејзиниот сопруг, принцот Зејд Ал-Хусеин да не се врати во Багдад како заменик регент додека неговиот правнук, кралот Фејсал II, бил на одмор, како што тој обично тоа го правел. Двојката наместо тоа престојуваше во нивната викендица на островот Искја на брегот на Неаполскиот залив. На 14 јули 1958 година имаше воен удар во Ирак и целото кралско семејство беше убиено. Принцот Зејд и неговото семејство тесно ја избегнале смртта и им беше дадено само 24 часа да ја напуштат ирачката амбасада во Лондон.[18] Државниот удар стави крај на кариерата на Зејд како сликар и презентер во Лондон.

Зејд и нејзиното семејство се преселиле во стан во Лондон и на возраст од педесет и седум, Зејд го направила нејзиниот прв оброк.[18] Искуството ја инспирирало да почне да слика на пилешки коски, подоцна создавајки и скулптури од коските покриени со смола, наречени paléokrystalos. Во нејзиното сликарство таа почна да се оддалечува од апстракцијата и почна да слика портрети на нејзиното семејство и на други блиски лица.[19]

Неколку години подоцна, нејзиниот најмлад син, принцот Раад, се ожени и се пресели во Аман, Јордан. Во 1970 година, принцот Зејд Ал-Хусеин почина во Париз и Зејд се пресели кај нејзиниот син во Аман во 1975 година. Таа го основала Кралскиот национален јордански институт за ликовни уметности во 1976 година и следните петнаесет години таа предавала на и менторирала група млади жени се до нејзината смрт во 1991 година.[20]

Ретроспективи[уреди | уреди извор]

Музеј Лудвиг ја одржа нејзината прва ретроспектива во западниот свет во 1990 година.[21] Во октомври 2012 година, голем број од нејзините слики биле продадени на аукција од Бонхамс за вкупно £2,021,838, поставувајќи светски рекорд за уметничката.[22]

Во 2017, Тејт Модерн во Лондон организираше голема ретроспектива на уметничката.[3] Според една статија во The Guardian, изложбата имала за цел да ја издигне уметничката "надвор од анонимноста за да се осигури дека таа нема стане уште еден женски уметник заборавен од историјата".[23] Во централната галерија на изложбата биле големите апстрактни слики насликани од Зејд од крајот на 1940-тите и од 1950-тите години. Изложено во оваа соба беше и нејзиното дело со наслов Мојот пекол (1951), кое беше изложено во Велика Британија во нејзината изложба од 1954 година. Последната галерија беше посветена на портретите на кои Зејд се фокусирала во нејзините последни години во Аман, како и смолните скулптури.[24] Сите дела во изложбата биле позајмени од меѓународни колекции и Тејт Модерн купи една од сликите, Untitled C, "за таа сега да може да биде дел од нашата приказна," според директорот на Тејт Модерн, Франсис Морис.[1] Курирана од Керин Гринберг и Василис Ојкономополос, изложбата отпатувала за Deutsche Bank KunstHalle кон крајот на 2017 и ќе биде во Музеј Сурсок во Бејрут во пролет 2018 година.[25] Истанбул Модерн позајми осум дела на ретроспективната изложба и исто така организира изложба Фахрониса Зејд во пролет 2017 година со дела од нивната колекција, фокусирајќи се на творештвото на Зејд меѓу 1940-тите и 1970-тите години.[26] Директорот на Истанбул Модерн, Левент Чалкоглу рече, "Задоцнетиот интерес на западните музеи и уметнички заедници за делата на Зејд. . . претставува реставрирање на вредноста која таа ја заслужува."[27]

Биографијата Фахрониса Зејд: Сликар на внатрешни светови, напишана од Адила Лајди-Ханиех, поранешен студент на Зејд, беше објавена во 2017 од лондонскиот издавач Уметност / Книги и се совпадна со ретроспективната изложба на Тејт Модерн.[28]

Позначајни дела[уреди | уреди извор]

  • Борба против апстракцијата, 1947
  • Решени проблеми, 1948
  • Мојот пекол, 1951
  • Некој од минатото, 1980

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Ellis-Petersen, Hannah (2017-06-12). „Fahrelnissa Zeid: Tate Modern resurrects artist forgotten by history“. the Guardian. конс. 2018-03-12. 
  2. „Complete ICA Exhibitions List 1948 - Present - July 2017“ (PDF). ICA. конс. March 16, 2018. 
  3. 3,0 3,1 Tate. „Fahrelnissa Zeid – Exhibition at Tate Modern | Tate“. Tate (en-GB). конс. 2018-03-12. 
  4. Devrim, Şirin (1996). A Turkish Tapestry: The Shakirs of Istanbul. London: Quartet. стр. 11. ISBN 0704380358. 
  5. Greenberg, Kerryn (2017). „The Evolution of an Artist“. Greenberg, Kerryn. Fahrelnissa Zeid. London: Tate Publishing. стр. 11. ISBN 9781849764568. 
  6. Devrim, Şirin (1996). A Turkish Tapestry: The Shakirs of Istanbul. London: Quartet. стр. 38. ISBN 0704380358. 
  7. Greenberg, Kerryn (2017). „The Evolution of an Artist“. Greenberg, Kerryn. Fahrelnissa Zeid. London: Tate Publishing. стр. 12. ISBN 9781849764568. 
  8. Greenberg, Kerryn (2017). „The Evolution of an Artist“. Greenberg, Kerryn. Fahrelnissa Zeid. London: Tate Publishing. стр. 13. ISBN 9781849764568. 
  9. 9,0 9,1 Istanbul Modern displays vivid, colorful art by Fahrelnissa Zeid“, „DailySabah“.
  10. Devrim, Şirin (1996). A Turkish Tapestry: The Shakirs of Istanbul. London: Quartet. стр. 127. ISBN 0704380358. 
  11. Greenberg, Kerryn (2017). „The Evolution of an Artist“. Greenberg, Kerryn. Fahrelnissa Zeid. London: Tate Publishing. стр. 18. ISBN 9781849764568. 
  12. Greenberg, Kerryn (2017). „The Evolution of an Artist“. Greenberg, Kerryn. Fahrelnissa Zeid. London: Tate Publishing. стр. 19. ISBN 9781849764568. 
  13. Greenberg, Kerryn (2017). „The Evolution of an Artist“. Greenberg, Kerryn. Fahrelnissa Зејд. London: Tate Publishing. стр. 20. ISBN 9781849764568. 
  14. Devrim, Şirin (1996). A Turkish Tapestry: The Shakirs of Istanbul. London: Quartet. стр. 167. ISBN 0704380358. 
  15. Oikonomopoulos, Vassilis (2017). „Multiple Dimensions of a Cosmopolitan Modernist“. Greenberg, Kerryn. Fahrelnissa Zeid. London: Tate Publishing. стр. 45–46. ISBN 9781849764568. 
  16. Greenberg, Kerryn (2017). „The Evolution of an Artist“. Greenberg, Kerryn. Fahrelnissa Zeid. London: Tate Publishing. стр. 22. ISBN 9781849764568. 
  17. Tate. „‘Untitled’, Fahrelnissa Zeid, c.1950s Tate“, „Tate“. (на en-GB)
  18. 18,0 18,1 Devrim, Şirin (1996). A Turkish Tapestry: The Shakirs of Istanbul. London: Quartet. стр. 210. ISBN 0704380358. 
  19. Greenberg, Kerryn (2017). „The Evolution of an Artist“. Greenberg, Kerryn. Fahrelnissa Zeid. London: Tate Publishing. стр. 24. ISBN 9781849764568. 
  20. Laïdi-Hanieh, Adila (2017). „The Late Style“. Greenberg, Kerryn. Fahrelnissa Zeid. London: Tate Publishing. стр. 131. ISBN 9781849764568. 
  21. Fahrelnissa Zeid: Deutsche Bank Kunsthalle, Berlin - kulturnews.de“, 25 октомври 2017. (на de-DE)
  22. „Bonhams sets new world record for Turkish Artist Fahrelnissa Zeid“. Bonhams. October 2, 2012. 
  23. Ellis-Petersen, Hannah (2017-06-12). „Fahrelnissa Zeid: Tate Modern resurrects artist forgotten by history“. the Guardian. конс. 2018-03-12. 
  24. „Subscribe to read“. Financial Times (en-GB). конс. 2018-03-12. 
  25. Fahrelnissa Zeid“, „Museumsportal Berlin“. (на en-US)
  26. ART, ISTANBUL MODERN, ISTANBUL MUSEUM OF MODERN. „Fahrelnissa Zeid - İstanbul Modern“. www.istanbulmodern.org. конс. 2018-03-15. 
  27. „Fahrelnissa Zeid at Istanbul Modern“. Hürriyet Daily News. конс. 2018-03-15. 
  28. Adila Laïdi-Hanieh (2017). Fahrelnissa Zeid: Painter of Inner Worlds. London: Art / Books. ISBN 978-1-908970-31-2. 

Дополнителна литература[уреди | уреди извор]

  • Becker, Wolfgang. Fahr-El-Nissa Zeid: zwischen Orient und Okzident, Gemälde und Zeichnungen. New York: Neue Galerie, 1990.
  • Greenberg, Kerryn, ed. Fahrelnissa Zeid. London: Tate Publishing, 2017.
  • Laïdi-Hanieh, Adila. Fahrelnissa Zeid: Painter of Inner Worlds. London: Art / Books, 2017.
  • Parinaud, André and Shoman, Suha. Fahrelnissa Zeid. Amman: Royal National Jordanian Institute Fahrelnissa Zeid of Fine Arts, 1984.
  • Zaid, Fahrelnissa. Fahrelnissa Zeid: portraits et peintures abstraites. Paris: Galerie Granoff, 1972.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]