Фауна на Естонија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Естонија е мала, густо пошумена земја која се наоѓа на брегот на Балтичкото Море. Таа е дел од палеарктичката екозона (како преодна зона меѓу западните палеарктички и евросибирските области) и умерениот северноатлантски морски екорегион.[1]

Фитогеографски, Естонија се дели помеѓу централноевропските и источноевропските провинции од бореалното царство. Според WWF, територијата на Естонија припаѓа на екорегионот на сарматските мешани шуми.

Ретката популација на Естонија и големите шумски површини овозможиле да преживеат голем број на европски рисови, диви свињи, кафеави мечки и лосови меѓу другите животни.[2] Се смета дека во Естонија има популација од околу 200 волци,[3] што се смета за малку над оптималниот број од 100 до 200. .[4]

Естонскиот птичји живот се карактеризира со ретки морски птици како што се штелеровата гавка (Polysticta stelleri), малата белочелна гуска (Anser erythropus) и црноопашната блатарка (Limosa limosa), мочуришни птици како големата шлука (Gallinago media), сувоземни птици како прдавецот (Crex crex) и модровраната (Coracias garrulus) и грабливки како големиот орел кликач (Aquila clanga).

Естонија има пет национални паркови, вклучувајќи го Националниот парк Лахемаа на северниот брег како најголем. Националниот парк Соомаа, помеѓу Пjaрну и Вилјанди, е познат по своите моклишта. Резерватите, како што се резерватот за птици на Кaјна Беј и Националниот парк Матсалу (моклиште од меѓународно значење според Рамсарската конвенција), се исто така популарни кај локалното население и туристите и поддржуваат широк спектар од птичјиот свет.[5]

Срната е најчест копитар во Естонија

’Рбетници[уреди | уреди извор]

Најголемата популација на мечки може да се најде во североисточна Естонија во окрузите Ида и Лаане Виру.[6] Бројот на мечки, рисови и волци бил доста намален во советско време бидејќи животните биле многу ловени. Откако биле ставени под заштита бројот на големите месојади својот врв го достигнал во 1990-тите, но потоа малку опаднал заради зголемениот лов. Во2008 година, Естонија била дом на околу 620 кафеави мечки, 760 рисови и 135 волци.[1] На почетокот на 2010 година, големите копитари броеле 48.040 срни (намалување од 63.000 во 2009), 11.741 лосови, 2.831 обични елени I 22.542 диви свињи.[2]

Нејзиниот птичји свет ги има златен орелзлатниот орел и бел штркбелиот штрк. Има десетина национални паркови и заштитени подрачја, од кои најголем е Националниот парк Лахемаа, кој се наоѓа на северниот брег. Националниот парк Соомаа, близу Пјарну е познат по своите стари моклишта.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Spalding, M.D., et al. "Marine Ecoregions of the World: A Bioregionalization of Coastal and Shelf Areas". Bioscience Vol. 57 No. 7, July/August 2007
  2. Systematic list of Estonian mammals
  3. (естонски)„Laupäeval algab hundijaht“, 25 јануари 2008.
  4. (естонски)Keskkonnainfo: hunt
  5. Birds Of Estonia
  6. status2

Надворешни врски[уреди | уреди извор]