Фарук Иремет

Од Википедија — слободната енциклопедија

Фарук Иремет (Сиберек, Турција, 7 јануари 1952 година) е зазански, турски и шведски писател.

Животопис[уреди | уреди извор]

Фарук Иремет е роден во 1965 година во Cибepeк во Турција. Завршили основно училиште во родниот град, а гимназија во Дијарбакир, каде што работел во периодот од 1982-1983, период по завршувањето на средното образование. Во 1983 година, ги започнал студиите на Универзитетот во Ескисехир како студент по економија. Паралелно со студиите, работел како наставник во основно училиште во близина на Дијарбакир. Во овој период започнал да ги објавува своите први песни и статии во различни списанија. Во 1985, добил награда за статии, објавени во Анкара.

Во 1986 година, се преселил во Шведска. Во 1989, основал издавачќка куќа, која ја именувал Suk. Фарук Иремет продолжил со објавувањето на псни и статии на својот мајчин јазик и во Шведска. Познатите списанија со кои соработувал и во кои биле објавувани негови дела ги вбројуваат списанијата Falköpings Tidning и Snäckan.

Фарук Иремет е член на Друштвото на писатели на Шведска и Здружението на шведски наставници.

Автор е на книгите[уреди | уреди извор]

  • Пустински дожд, поезија, Suk Yayınları (Иpemet Издаваштво), 1989 година, турски јазик.
  • Антологија на шведските писатели (посветено на шведските писатели), Iremet Publishing, 1995
  • Нашиот јазик, зазански (за разликите меѓу зазнсакиот, курдскиот и турскиот), Iremet Publishing, 1996.
  • Митра, поезија, Yarın Yayınları, Анкара, 1996, турски
  • Кревко срце, поезија, [Иpemet Издаваштво], 1996, зазански
  • Ова срце, ЦД (текстуални и музички записи), Iremet Publishing, 2005

Наводи[уреди | уреди извор]