Фармација базирана на докази

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Фармацевтската пракса се темели на докази што би претставувало подршка на опсегот на се поголемите услуги што ги даваат фармацевтите. Затоа, станува се позначајно собирањето и евалуирањето на убедувањата за корисноста на квалитетот на услуги што еден фармацевт може да ги пружи. Научната фармацевтска пракса е релативно нова дисциплина дефинирана во 1997 како: Науката која се обидува да ја објасни фармацијата и начинот на кој се применува, односно практицира во согласност со обезбедување на фармацевтско знаење ивештини се користи за постигување најдобри ефекти во разрешувањето на проблемите за здраствените услуги за потребите на населението и ги подржува целите на фармацевтската пракса.

Пракса базирана на докази[уреди | уреди извор]

Како значаен дел од фармацијата базирана на докази е праксата базирана на докази. За брзо идентификување на испитувањата постојат високи стандарди на пресудување на добиените резултати и е строго дефинирана нивната евиденција. Тоа се:

  • ниво 1: Рандомизирани контролирани испитувања
  • ниво 2: Поединечно контролирано испитување
  • ниво 3: Контрола пред и после истражувањата
  • ниво 4: Опсервациони податоци

Сите методи се користат за собирање на информации во врска со употреба на лекови и ќе се обезбеди целосна вистинитост на барањата од применуваната методологија.

Методи за истражувања на здравствени услуги[уреди | уреди извор]

Дополнителни квалитативни истражувачки методи, кои даваат квалитативни докази што ке ни овозможат да ги разбереме

Анкетен прашалник[уреди | уреди извор]

претставува широко применувана метода во пракса која обезбедува дескриптивни информации за голем дел од популацијата и /или репрезентативни рандомизирани претставници од фармацевти, општи лекари или население. Дизајнирањето на прашалникот секогаш е проследен со стандарден текст, при што изборот на прашања се врши после обемно литературно истражување, и со доплонителна содржина добиена пр. од дискусија на фокусна група или пак консултација од експерт од соодветна област. При конструкција на прашалникот треба да се избегнат двосмислени, дупли прашања, дупли негации, импресии, и прашањата кои бараат ретроспективни информации треба да се сведат на минимум.

Телефонско интервју[уреди | уреди извор]

Се користи за да се обезбедат квалитативни информации од мала група на население, со цел да се добие воопштено интервју или да се комплетира структуиран прашалник со цел да се добие максимална одговорност. Учесниците се одбираат внимателно и самостојно, додека одговорите по интервјуто треба прво поединечно да се анализираат за да се елиминираат разликите во популациски группи.

Проспективни студии[уреди | уреди извор]

Поради несигурноста на ретроспективните студии и нивната селективната природа на меморија, идеално проспективните студии треба да се користат сегде каде што е можна обсервациона валидација на жалбите. Собирањето на податоци може да се врши усно, да се снима, како и употреба на иновативни методи, директно снимани извештаи или внесени во компјутер. Дизајнирањето на формуларот е слично како и кај директниот прашалник; прашањата треба да се јасни, а формата лесна за следење. Формуларите треба прво да се дадат на пилот проба, а после да се започне со испитувањето.

Експериментални истражувања[уреди | уреди извор]

се користат за да се покаже вообичаениот ефект при воведување на нов третман или менаџмент и да се дефинира очекуваниот резултат. Експерименталните истражувања се строго дизајнирани со соодветна контрола, при што интервенциите и очекуваните резултати се недвојбено дефинирани. Се користат две главни методологии како рандомизирани контролирани испитувања, во кои учесниците партицираат рандомизирано и во интервенционата и во контролната група. Притоа и двете групи се контролираат за да се процени ефектот на услугата пред и после студијата, и истата се споредува пред и после имплементација на услугата. Овој метод ретко се употребува, бидејќи не се познати ефектите од надворешните фактори.

Истражување на терен[уреди | уреди извор]

Претставува метода на единечен случај, кој примарно се темели на обсервации и постоечки документи, и често пати се користи за следење на нови, развојни обсервации, со или без учество на поединци. Во овој метод, дополнителен конфликтен проблем претставува етиката и тајноста, затоа објективни и прецизни податоци може да се добијат преку употреба на валидирани инструменти, како куцање или процесирање како на аудио така и на видео траки. Интервјуата може да се користат за администрирање на веќе структуирани прашалници, лице во лице, каде што се зголемува индивидуалната одговорност, при што се одговараат сите зацртани прашања и можно одговарање на нови. Овој метод се користи за комплетирање на квантитативни истражувања. Севкупниот квалитет на методата доаѓа до израз кога се користат полуструктуираи или неструктуираи интервјуа. При истражувања подобро е да се користат комбинција на техники, отколку поединечни техниики.

Отворено интервју[уреди | уреди извор]

Може да се опише како квалитативно, општо, семиструктуирано или фокусирано. Сите испитаници треба да добијат неопходни информации на почетокот на интервјуто, но понатаму треба да се остават самостојно да дадат свое видување кои не мора да бидат вклучени во иницијалните информаци за интервјуто. Предности на оваа метода се добиваат препознатливи информации, висок одзив на испитаници и може темата на истражување да се модифицира во текот на интервјуто во зависност од условите. Недостатоците на овој пристап се однесуваат на вештината на истражувачот за водење на интервјуто, предрасудите на истражувачот и неговата варијабилност.

Евидентирање на интервјуата[уреди | уреди извор]

Најчесто се врши со две методи:

  • белешки земени на терен или
  • диктафон

кои треба да бидат ставени на хартија и подоцна да се анализираат.

Тајноста на интервјуто[уреди | уреди извор]

Секогаш кога е возможно испитанците треба да бидат известени однапред и да ја знаат причината за интервјуто, зошто тие се избрани и времето на одржување на интервјуто. За време на интервјуто треба да се објасни областа за дискусија, методот на евиденција, и за истите треба да се даде согласност од испитаникот. Треба да се води сметка за личните видувања на испитаникот и треба да бидат држани во тајност. Доколку е можно транскриптите од интервјуто да му се дадат на испитаникот за да ги одобри пред анализата.

Фокусни групи[уреди | уреди извор]

Корисноста од испитувањето на фокусни групи, во истражувањето на здраствените услуги, им овозможува на учесниците да го кажат своето мислење без наведување во претходно утврдени рамки. Една од предностите на користење на овој пристап е создавање на нови идеи, поради интеракција на учесниците во интервјуто. Важно е учесниците да бидат внимателно избрани, за да се добие широк опсег на мислење. Методот за избор зависи од темата на истражување. Принципот на евидентирање и тајноста на податоците се идентични како и кај методот на интервју.

Аспекти на здравствена економија[уреди | уреди извор]

Економијата помага во правилното лоцирање на недоволните ресурси во обезбедување на здраствена заштита на населението. Централно место имаат концептите на “недостаток”, “избор”и “цени според можностите”. Изворите се “недоволни”и секој пат кога ќе “избереме”да ги користиме на еден начин принудени сме да ја искористиме “можноста” да ги користиме на други начини. Според тоа овие фактори влијаат во донесувањето на одлуки за најефикасно користење на здраствените ресурси. Методите на здраствената економија овозможуваат идентификување, мерење на трошоците и употреба на алтернативни системи за обезбедување на лекови.