Фан Ноли

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Фан С. Ноли)
Прејди на: содржини, барај

Тeофан Стилиан Ноли, подобро познат како Фан Ноли(6 јануари 1882 - 13 март 1965)беше еден албански-американски писател,научник,дипломат,политичар,хисторичар,оратор и основач на Албанската Православна Црква,служеше како премиер и регент на Албаниа во 1924. Фан Ноли е почитуван во Албаниа како шампион на книжевноста,хисторијата,теологијата, дипломацијата,новинарството,музиката и националното единство. Тој играше значителна улога во зацврстувањето на Албанскиот јаз. како национален јазик на Албаниа со бројни преводи не ремек делата на светската книжевност. Неговиот придонес за книжевноста на Англискиот јазик е истотака многузначаен:како научник и автор на серии изданиа за Скендербег,Шекспир,Бетовен,религиски текстови и преводи. Тој го стекнал неговото образование во ХАРВАРД и бил прогласен за свештеник во1908,ја втемелува албанската црква,го вметнува албанскиот јазик за учење во црквите.Тој се врака во Албанија после декларацијата за независност во 1912.После Првата Светска Војна,Ноли правеше дипломатски напори за повторно обединување на Албанија и ја имаше поддршката на претседателот на АМЕРИКА –Wilson.Подоцна направи дипломатска-политичка кариера во Албаниа и успешно ја предводи земјата за членство во Друштвото на Народите. Како почитувана фигура која имаше критики за корупција и неправди кон владата на Албаниа,Фан Ноли беше побаран да ја води Јунската Револуција во 1924.Тој тогаш служеше како премиер се додека неговата револуционерна влада не беше срушена од Ахмет Зогу. Беше протеран во Европа и од таму замина за Америка засекогаш во 1930 год.и поднесе барање за Американското државјанство и се согласи да ја заврши неговата политичка кариера.Оцтатокот од животот го поина како академик,религиозен лидер и писател.

Ноли беше роден во Албанската заедница на Ибрик Тепе,источна Тракија како Thеофанус Стулианос Мавроматис.Како млад Ноли се расшета по Медитеранот живејќи во Атина,Грција,Александрија,Египет,и Одеса-Русија работејќи како актер и преведувач.Тој зборувал на 13 јазици.Низ неговите контакти со движењето на албанските иселеници,тој стана силен подржувач на националното движењеи замина за Бостон во 1906 со цел да ја мобилизира Албанската емигрантска заедница.Во тоа време во Бостон некои албански христијани беа дел од Грцката Православна црква и беа против националната цел.Кога еден грцки православен свештеник одбиваше да спроведе погребни ритуали за Кристаќ Дишница-член на албанската заедница од Hudson Мassachusetts,поради неговите национални активности,Ноли и една група на албански националисти во New England ја создадоа Албанската Православна Црква.Ноли првиот човек на црквата беше назнацен за свештеник во 1908 од страна на рускиот православен епископ во Америка.во 1923 Ноли беше назначен за епископ на Албанската Црква. Во 1908 Ноли почна да студира во Харвард,каде што дипломираше во 1912.Се врати во Европа да ја подржува независноста на Албанците,каде што за прв пат дојде во Албаниа во 1913.Тој се врати во Америка за време на Првата Светска Војна,служејќи како лидер на организацијата Ватра кое и го направи лидер на Албанската диаспора.Неговите дипломатски напори во Америка и Женева доведоа Ноли да ја добие подршката на Претседателот Wilson за независна Албаниа и во 1920 ја доби поканата за членство во Друштвото на Народите.Иако Албаниа веке ја имаше декларирано својата независноство 1912,членството во Друштвото нa Народите доведе до нови меѓународни признавања-a до тогаш не реализирани.

Во 1921 Ноли влегол на Албанскиот парламент како член на партијата либерална Ватра-водечката либерална партија во земјата.Тој служеше кратко како министер за надворешни работи во министерството на Dzафер Упи.Бо 1923 бил просветен за епископ на новата промовирана аутокефална Албанска православна црква.Ова беше период на судири во земјата помеѓу либералите претставени од Ватра и конзервативците предводени од премиерот Ахмет Зогу.После неуспешен обид за атентат против Зогу,конзервативците им се одмаздија убивајќи го истотака популарниот либерален политичар Авни Рустеми.Говорот на Ноли на погребот на Рустеми беше толку влијателен штоподржувачите на либералната партија се соединиа и го натераа Зогу да побегне во Југославија(Март 1924).Зогу беше кратко наследен од неговиот очув Шефќет Верлаци,и од либералниот политичар Илиаз Вриони,Ноли беше прогласен за премиер и владител на 17 Јули,1924. И покрај неговите напори за реформи во земјата,програма од дваесет точки на Ноли беше не популарна и неговата влада беше срушена ноќта на Бадник од група која беше лојална на Зогу.Две недели потоа Зогу се врати во Албаниа а Ноли избега во Италија затоа што ќе беше казнет со смрт.Тој пак се врати во САД во 1932 и формираше републиканска опозиција на Зогу-кој веке бил прогласен за Крал Зог I.В о годините што доаѓаа Ноли продолжи со образувањето,студирајќи а потоа и предаваше Бизантинска музика и продолжи со развојот и промоцијата на аутокефалната Албанска православна црква на кое тој даде голем придонес за да се основува. Додека беше во бегство имаше информации за Зогу кој избега од Албаниа пред италијанската инвазија во 1939,но Ноли немаше можност да направи еден цврст анти-шовинински и анти-комунистички фронт. После војната,Ноли воспостави врски со комунистичката влада на Енвер Хоdzа кој дојде на власт во 1944.Ноли имаше неуспешни обиди да ја повика американската влада да го признае режимот на Хоdzа,но забраната на религијата во времето на Хоdzа го оддалечи Ноли од контактите со тамошната православна хиераркија.Антиклерикалниот режим кој што го вметнуваше Енвер Хоdzа во Албаниа- го разбуди национализмот кај Ноли и епископот им го привлече вниманието на Федералното биро за истражување.Бостонската канцеларија на ФБИ го држеше епископот под истрага повеќе од една деценија без конечна одлука. На крајот од неговиот живот Ноли се повлече во Fort Lauderdale, Florida каде што и умре во 1965.Гранките на албанската православна црква со кои управувал Ноли на крај станаа албанската архидиоцеза на американската православна црква.Ликот на Фан Ноли го има во албанската хартија од вредност од 100 лек пуштени во употреба во 1996