Фантастични раскази (книга на Е. Т. А. Хофман)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Фантастични раскази - збирка раскази на германскиот писател Е. Т. А. Хофман, објавена од издавачката куќа „Македонска книга 2002“ во 2002 година.

Содржина[уреди | уреди извор]

Книгата се состои од раскази:[1]

  • Жак Кало
  • Витезот Глук
  • Музичките страдања на капел-мајсторот Јохан Крајслер
  • Дон Жуан
  • Новогодишна авантура
  • Песочарот
  • Советникот Креспел
  • Автомат

На крајот од збирката се наоѓа поговорот напишан од Влада Урошевиќ, со наслов „Хофман - писателот што го открил клучот на фантастиката“.

Технички податоци[уреди | уреди извор]

Преводот од германски јазик го направила Зорица Симовска, јазичната редакција ја извршила Јадранка Владова, ликовно-графичкото уредување било дело на Илија Богоевски, а компјутерската обработка на текстот ја направил Љупчо Димитриевиќ. Книгата е со димензии од 21 сантиметар и има 189 страници, а била испечатена во печатницатаГоце Делчев“ во Скопје. Таа е каталогизирана во НУБ „Св. Климент Охридски“ и ја носи меѓународната ознака ISBN 9989-46-032-9.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Е. Т. А. Хофман, Фантастични раскази. Скопје: Македонска книга 2002, 2002.
  2. Е. Т. А. Хофман, Фантастични раскази. Скопје: Македонска книга 2002, 2002.