Фантастичниот Господин Лисец

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Фантаситчниот Господин Лисец“ (англиски: Fantastic Mr Fox) — роман за деца на британскиот писател Роалд Дал од 1970 година.

Содржина[уреди | уреди извор]

Романот се состои од 18 глави:[1]

  1. Тројцата фармери
  2. Господинот Лисец
  3. Пукотници
  4. Страшните лопати
  5. Страшните трактори
  6. Трката
  7. „Никогаш нема да го пуштиме да си оди“
  8. Лисиците се прегладнети
  9. Господинот Лисец има план
  10. Кокошарникот на Шишко број еден
  11. Изненадување за Госпоѓата Лиса
  12. Јазовецот
  13. Џиновската ризница на Мешко
  14. Јазовецот се сомнева
  15. Тајната винска визба на Сучко
  16. Жената
  17. Големата гозба
  18. А тие сè уште чекаат

Осврт кон делото[уреди | уреди извор]

Романот претставува совршена форма на модерна бајка во која Дал е на страната на животните — лисиците, јазовците, кртовите и зајаците, наспроти луѓето кои се злобни. Господинот Лисец, кој е паметен и итар, успева да ги надмудри лошите фармери и ги освојува симпатиите на читателите.[2]

Изданија на македонски јазик[уреди | уреди извор]

Романот бил објавен на македонски јазик во 2005 година од издавачката куќа „Просветно дело“, Редакција „Детска радост“, како дел од библиотеката „Лектирни изданија“. Преводот од англиски јазик го направила Катица Ацевска, илустрациите во книгата се дело на Џил Бенет, автор на дизајнот и ликовно-графичкото уредување е Жарко Туниќ, а лектурата ја извршила Оливера Ќорвезироска. Книгата, со обем од 96 страници и димензии од 20 сантиметри, била отпечатена во печатницатаНапредок“ во Тетово. Таа е каталогизирана во НУБ „Св. Климент Охридски“, Скопје и ја носи меѓународната ознака ISBN 9989-30-451-3.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Роалд Дал, Фантастичниот Господин Лисец. Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2005.
  2. Катица Ацевска, „Фантастичниот Господин Лисец“, во: Роалд Дал, Фантастичниот Господин Лисец. Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2005, стр. 86.
  3. Роалд Дал, Фантастичниот Господин Лисец. Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2005.