Фантас

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Фантас (грчки: Φαντασός) во старогрчката митологија е бог на нереалните соништата. Името потекнува од грчкиот јазик, од зборовите со значење, „видлив“, „се појавува“, како и „замислува“, „има визија“. Името на Фантас се одржало до денес, па од грчкиот јазик, во речиси сите јазици зборот „фантастично“[1] опишува сè она што е нереално и неверојатно.

Митологија[уреди | уреди извор]

Онеирите се синови на Хипнос, богот на соништата: Морфеј, Фобетор и Фантас. Сите тројца, секоја ноќ заедно со мајка им Никта доаѓаат и на сите им носат сон. Фантас ги создава нереалните соништа, Морфеј ги обликува соништата, особено на кралевите и јунаците, а Фобетор ги создавал кошмарите. Според Овидиј, исто така, Морфеј бил одговорен за појавувањето на човечките ликови во соништата, а Фобетор и Фантас на животните, предметите, чудовиштата и сл.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]