Фалсификување
Фалсификување[1][2] — изработка на нешто лажно или подражавање некого што најчесто се прави со намера за измама, односно да се прикаже, даде (или продаде, ако е стока) на некого како да е оригинал. Фалсификуваните производи постојано се прават со цел да се даде предност на вредноста на имитираниот производ.[3]
Зборот фалсификување се однесува како на фалсификување банкноти и документи, така и на имитација на облека, софтвер, лекови, часовници, електроника и логоа и брендови на различни претпријатија. Во случај на стоки, ова резултира со повреда на патент и повреда на трговска марка.[4]
Фалсификувањето пари обично строго го спречуваат властите.
Фалсификувани пари се валута што е направена незаконски, без одобрение од влада или држава. Лажните државни обврзници се инструменти на јавен долг, создадени без законска дозвола, со намера да бидат „искеширани“ за вистински пари или посредно да послужат како осигурување за добивање кредит.
Фалсификување документи е процес на правење или преправање на документи со намера да се измами. Тоа е облик на превара и често е клучна техника во извршувањето на кражба на нечиј идентитет.
Фалсификуваните пари, документи и стоки може да се откријат со истражување на различни нивни одлики. Парите имаат различни видови заштита од фалсификување, кои понекогаш се видливи, а понекогаш скриени.
Фалсификувањето е кривично дело што светската економија ја чини 400 милијарди долари годишно. Новите технологии, како што е холографијата, помагаат да се обележат оригиналните стоки.[5]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „фалсификување“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „фалсификување“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „Money and Finance in the Confederate States of America – EH.net“ (англиски). Посетено на 2024-02-03.
- ↑ Rateshtari, Roya (2020-06-15). „Catching Counterfeiters | U.S. Marshals Service“. www.usmarshals.gov (англиски). Посетено на 2024-02-03.
- ↑ „Home“. International Hologram Manufacturers Association (англиски). Посетено на 2024-02-03.