Фак ју Гете

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Фак ју Гете, Fack ju Göhte (намерно погрешно напишано од Fuck you, Goethe) е комедија на Бора Дагтекин. Во Германија, таа имаше најголем број на кино посетители во филмската 2013 година со околу 5,6 милиони посетители и над 7 милиони посетители до јули 2014 година.

Главните улоги ги играат Елијас М'Барек и Каролине Херфурт, споредните улоги ги играат младите актери Макс фон дер Гробен и Хела Хазе. Факј ју Гете е продуциран од страна на филмската продукција Рат Пак заедно со Константин Филм.

На филмот му следеле уште два дела. Во 2016 година се појави мексиканска преработка со No Manches Frida.[1]

Дејство[уреди | уреди извор]

Банкарски ограбувач Цеки Милер е ослободен од затвор. Тој оди во потрага по пленот на неговиот последен разбојнички поход, за да ги подмири своите насобрани долгови кај макрото Атила. Пријателот на Цеки Чарли ги закопал парите на градилиштето тринаесет месеци претходно, верувајќи дека само таму биле поставени цевки. Цеки го лоцира пленот со помош на GPS под една новоизградена спортска сала на средното училиште во Минхен Гете-Гезамтшуле. За да добие пари, Цеки аплицира за работно место на починатиот чувар, но е ангажиран како заменски професор поради недоразбирање.

Листа на песни[уреди | уреди извор]

  1. „Cheating“ – John Newman
  2. „Fack Ju Göhte Beat“ – Djorkaeff & Beatzarre
  3. „Error“ – Madeline Juno
  4. „Pumpin Blood“ – Nonono
  5. „Let Her Go“ – Passenger
  6. „Hands Around The World“ – Djorkaeff
  7. „Benzin Beat“ – Djorkaeff & Beatzarre
  8. „Move“ – D/R Period
  9. „Brother“ – Smashproof
  10. „Ain’t No Fun“ – Nitro
  11. „Hey Now“ – Martin Solveig & The Cataracs feat. Kyle
  12. „Everybody Talks“ – Neon Trees
  13. „Das Ist Pimkie!“ – Beckmann
  14. „Dry My Soul“ – Amanda Jenssen
  15. „Change Is Gonna Come“ – Olly Murs
  16. „What I Go To School For“ – Busted
  17. „High Hopes“ – Kodaline
  18. „Zeitkapsel“ – Beckmann
  19. „Can’t Help“ – Parachute
  20. „Deep Diving“ – Thilo Brandt
  21. „Klassenzimmer Beat“ – Djorkaeff & Beatzarre
  22. „Laura, Sie Redet Mit Dir!“ – Beckmann
  23. „Theater Beat“ – Djorkaeff & Beatzarre
  24. „Balkan Bachata“ – Clea & Kim
  25. „Touch Me (I Want Your Body)“ – Samantha Fox
  26. „Cheating“ (Remix) – John Newman

Покрај тоа, употребена е и Трич-трач-полка од Јохан Штраус, но не е вклучена на ЦД-то од музиката од филмот.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Fack ju Göhte - римејк на врвот на мексиканските листи. [1]