Факултет за музичка уметност - Скопје

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Факултет за музичка уметност - Скопје
Виддржавен
Основан1966
Деканпроф. м-р Гордана Јосифова-Неделковска
МестоСкопје, Република Македонија
fmu.ukim.edu.mk
Факултет за музичка уметност - Скопје.JPG

Факултетот за музичка уметност – Скопје (ФМУ - Скопје) е јавна високообразовна установа која врши високообразна, научно-истражувачка, уметничка и применувачка дејност од областа на музичката уметност. ФМУ - Скопје својата дејност ја врши во состав на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје.

Техничка опрема[уреди | уреди извор]

ФМУ - Скопје својата дејност ја извршува во свој објект лоциран на ул: Питу Гули бб во Скопје, веднаш до Камениот Мост на левата страна од Вардар. Објектот со вкупна површина од 1.546 м2, располага со 10 предавални, 2 концертни сали, 16 кабинети за индивидуална настава и 4 аудио-видео лабаратории. ФМУ - Скопје располага со голем инструментариум и технички инвентар потребен за успешна реализација на својата образовна и научна дејност: преку 30 клавири, 3 синтисајзери, клавичембало, широк спектар на ударни инструменти, 3 телевизори, 11 компјутери, графоскоп, 10 ЦД плеери, 3 ДВД плеери, 2 ЛЦД проектори, 2 дигитални камери, филмска камера, дигитален аудио процесор, видео миксер, 11 микрофони, 25 рефлектори, 2 димери, 3 аудио миксери и друга опрема. ФМУ располага со своја библиотека, со читална, компјутер и аудио опрема.[1]

Наставен кадар[уреди | уреди извор]

На ФМУ - Скопје наставата ја изведуваат наставници и соработници кои се во работен однос на ФМУ, но и наставници и соработници кои се вработени во други установи, а се избрани во наставно-научни звања на ФМУ (Македонската филхармонија, Македонската опера и балет, ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“ и др.). Вкупно 50 наставници и 11 соработници работат на ФМУ. Меѓу нив се: Симон Трпчески, Драган Даутовски, Борис Романов, Димитрије Бужаровски, Томе Манчев, Гордана Јосифова-Неделковска, Стојан Димов, Кире Костов, Весна Ѓиновска-Илкова, Олег Кондратенко, Саша Николовски-Ѓумар, Јана Андреевска, Сони Петровски, Сашо Татарчевски, Дарија Андовска, Тања Вујисиќ-Тодоровска, Александра Мијалкова, Искра Шукарова и други.[2]

На ФМУ - Скопје се остваруваат студии по студиски програми за додипломски и постдипломски студии. Во првиот циклус на универзитетските студии овозможени се 27 студиски програми. Образовниот процес на првиот циклус студии трае четири години со осум семестри настава. Во рамки на факултетот делува Институтот за истражување и архивирање на музика - ИРАМ. Во архивите на ИРАМ има над 20.000 минути дигитално аудио со македонски фолклор (песни, приказни, обичаи) и над 2.000 минути дигитално видео (документарни програми, концерти, хроника на културни настани со 135 кратки филмови). Во рамките на ИРАМ делува Студентско Интернет-радио и телевизија, а ИРАМ е и организатор на 16 интернационални конференции.[3]

Музичка дејност[уреди | уреди извор]

Во рамки на ФМУ - Скопје делуваат и повеќе ансамбли, како: Симфониски оркестар, камерниот оркестар „Солисти на ФМУ“, мешаниот хор „Драган Шуплевски“, народен оркестар и биг-бенд. Сите овие ансамбли претставуваат значајни субјекти за културниот живот на Македонија, реализирајќи бројни домашни и меѓународни проекти.[4]

Организација и структура[уреди | уреди извор]

Факултетот за музичка уметност - Скопје има декан и два продекани (еден за настава и еден за концертна и меѓународна дејност). На Факултетот се основани следните катедри:[5]

  1. Катедра за музичка теорија и педагогија, музикологија, композиција и диригирање
  2. Катедра за дувачки инструменти, удирачки инструменти и соло пеење
  3. Катедра за клавишни инструменти и харфа
  4. Катедра за гудачки инструменти и гитара
  5. Катедра за балетска педагогија

Наводи[уреди | уреди извор]