Фактор

Од Википедија — слободната енциклопедија

Фактор е лице кое со попуст купува долг (парично побарување) кој се должи на друг, со цел да се заработи преку наплатата на тој долг. Како фактор најчесто се јавуваат банки или специјализирани факторинг куќи. Факторот е договорната страна која ја врши карактеристичната чинидба кај овој договор, па според тоа во случај на спор кај меѓународен факторинг, меродавно би било правото на земјата на факторот и доколку договорните страни не договориле друго меродавно материјално право. Факторот се обврзува за клиентот да изврши најмалку две од наведените функции:

  • да обезбеди финансиски средствa за клиентот по пат на авансни уплати;
  • да води евиденција (книги) за побарувањата;
  • да изврши наплата на побарувањата;
  • да преземе соодветни мерки при доцнење со уплатите од должниците на клиентот.

По правило, факторот нема право на регрес од клиентот во поглед на ненаплатливоста на побарувањата.