ФК Сиднеј

Од Википедија — слободната енциклопедија
ФК Сиднеј
Целосно имеФудбалски клуб Сиднеј[1][2]
ПрекарThe Sky Blues (небесно сини)
Основан1 ноември 2004
ЛокацијаСиднеј, Австралија
СтадионЏубили Овал
Капацитет20,505
СопственикРусија Давид Трактовенко
ПретседателАвстралија Скот Барлоу
ТренерАвстралија Стив Корика
ЛигаА-лига
2018–19А-лига, 2-ри (шампиони)
Мреж. местоОфицијално мрежно место
Домашни бои
Гостински бои
Резервни бои
Тековна сезона

ФК Сиднеј е австралиски фудбалски клуб со седиште во Сиднеј, Нов Јужен Велс. Клубот моментално се натпреварува во А-лигата, најсилното фудбалско натпреварување во земјата.

Клубот е основан на 1 ноември 2004 година и во својата кратка историја има освоено четири титули во А-лигата, како и четири првенства во истата лига, еден ФФА Куп и исто така ја освоиле Лигата на шампионите на Океанија, пред Австралија да се пресели во Азиската фудбалска конфедерација.

До пред почетокот на сезоната 2018–2019, својте домашни натпревари ФК Сиднеј ги играл на Алијанц стадионот, кој имал капацитет од 45.500 места и се наоѓал во предградието на Мур Парк. Откако овој стадион бил срушен била започната изградба на нов на истото место која сѐ уште трае, а привремено клубот ги игра својте домашни натпревари на стадионот Џубили Овал. Фудбалерите на ФК Сиднеј најчесто настапуваат во светлосини дресови и темносини шорцеви.

Низ историјата голем број на фудбалски ѕвезди го носеле дресот на Сиднеј како: Двајт Јорк, Жунињо Паулиста, Џон Алоизи, Брет Емертон, Лукас Нил, Марк Јанко, Алесандро Дел Пјеро и др.

Играчи[уреди | уреди извор]

Моментален состав[уреди | уреди извор]

Бр. Позиција Играч
1 Австралија ГМ Ендрју Редмејн
2 Австралија ОД Патрик Флотман
3 Австралија ОД Бен Ворленд
4 Австралија ОД Алекс Вилкинсон
5 Германија СР Александер Баумјохан
6 Австралија ОД Рајан МекГован
7 Австралија ОД Мајкл Зуло
8 Австралија СР Пауло Ретре
9 Англија НП Адам ле Фондр
10 Србија СР Милош Нинковиќ
11 Нов Зеланд НП Коста Барбарусес
Бр. Позиција Играч
12 Австралија НП Трент Буаџир
16 Австралија ОД Џоел Кинг
17 Австралија СР Антони Касерес
18 Австралија НП Лук Ивановиќ
19 Австралија СР Крис Зувела
20 Австралија ГМ Том Хеуард-Бел
21 Австралија ОД Хари ван дер Саг
23 Австралија ОД Рајан Грант
24 Австралија НП Марко Тилио
26 Австралија СР Лук Братан
Алесандро Дел Пјеро, капитен на ФК Сиднеј во сезоната 2013-2014.

Капитени[уреди | уреди извор]

Титули[уреди | уреди извор]

А-лига[уреди | уреди извор]

Победник (4): 2009–2010, 2016–2017, 2017–2018, 2019–2020
Вицешампион (3): 2005–2006, 2014–2015, 2018–2019
Победник (4): 2006, 2010, 2017, 2019
Финалист (1): 2015

ФФА[уреди | уреди извор]

Победник (1): 2017
Финалист (2): 2016, 2018

АФК/ОФК[уреди | уреди извор]

Победник (1): 2005

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „About Us“. Sydney FC. Посетено на 5 August 2014.
  2. „Sydney Football Club Pty Ltd ACN 110 877 668“. Australian Securities and Investments Commission. Посетено на 5 August 2014.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]