ФК Локомотива

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

ФК Локомотива е македонски фудбалски клуб од Општина Карпош. Клубот моментално се натпреварува во Третата фудбалска лига - Север.

Историја[уреди | уреди извор]

ФК Локомотива била оформена во 1954 година, како железничарски клуб, па затоа и не ретко се среќава како ЖФК Локомотива. Клубот во минатото своите натпревари ги играл на игралиштето на Работнички, и најчесто во клубот доаѓале млади играчи, пратени на калење од ФК Работнички. Клубот дури многу подоцна по неколку децении се префрлил на денешното игралиште Локомотива во населбата Карпош III, кое кај постарите љубители на фудбалот е познато како Комуналец, зашто на тој терен играла екипата на ФК Комуналец, но и екипата на ФК Ванила, но сега и двата клуба не постојат. Клубот за првпат во својата историја во сезона 2007/08 играл во Втората фудбалска лига.