ФК Тетекс 1953

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од ФК Лабуништа)

Не го мешајте со првичниот клуб Тетекс, на кого Тетекс 1953 му е духовен наследник.

ФК Тетекс 1953
Целосно имеФудбалски клуб Тетекс 1953
Основан2011; пред 13 години (2011)
СтадионГрадски стадион Тетово
(Капацитет: 15,000)
ЛигаВтора македонска лига - Запад
2019/20
(недовршена)
Втора лига - Запад, 3. од 10 места
Домашни бои
Гостински бои

ФК Тетекс 1953македонски фудбалски клуб од Тетово. Клубот во моментов се натпреварува во Втората македонска лига - Запад.

Историја[уреди | уреди извор]

Како Лабуништа 2011[уреди | уреди извор]

Клубот бил основан во 2011 година. Боите на клубот како Лабуништа 2011 биле црно-бели. Додека екипата се натпреварувала во Општинската лига и во Третата лига, домашните натпревари ги играле на теренот Калишта во Лабуништа. Во првите три сезони кога биле второлигаши (2017/18, 2018/19 и 2019/20), како домаќини настапувале на Стадионот Градска Плажа во Струга.

Селење во Тетово и ново име[уреди | уреди извор]

На крајот на мај 2020 година, управата на клубот, и со тоа неговиот спонзор, се изјаснила дека се повлекува од управувањето на клубот. Сите моментални играчи станале слободни агенти.[1][2] Кризата на клубот ја искористила управата на Тетекс и го преселила клубот во Тетово.[3] Според преселбата, клубот во сезоната 2020/21 треба да го носи името Лабуништа 2011 во првата полусезона, а Тетекс 1953 во втората полусезона.[4][5][6]

Историја на клупското име[уреди | уреди извор]

  • 2011-2020: Лабуништа 2011
  • 2021-до денес: Тетекс 1953

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Лабуништа се расформира, сопственикот се повлекува, цело раководство со оставка, фудбалерите слободни“. ekipa.mk преку web.archive.org. 29 мај 2020. Архивирано од изворникот на 2020-06-07. Посетено на 7 јуни 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  2. „Лабуништа остана без сопственик: „Во клубот вложив повеќе од возможното, но...". gol.mk преку web.archive.org. 29 мај 2020. Архивирано од изворникот на 2020-06-07. Посетено на 7 јуни 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  3. „Макфудбал 2020 - број 15“ (PDF). Фудбалска федерација на Македонија преку web.archive.org. 22 јули 2020. Архивирано од изворникот на 2020-08-15. Посетено на 15 август 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  4. „Тетекс се фузираше со Лабуништа, се враќа во Втора лига“. ekipa.mk преку web.archive.org. 22 јули 2020. Архивирано од изворникот на 2020-07-28. Посетено на 28 јули 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  5. „Тетекс се враќа во ВМФЛ, договори соединување со Лабуништа". gol.mk преку web.archive.org. 22 јули 2020. Архивирано од изворникот на 2020-07-28. Посетено на 28 јули 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  6. „Делегирање 17. коло“ (PDF). Фудбалска федерација на Македонија преку web.archive.org. 25 февруари 2021. Архивирано од изворникот на 2021-03-02. Посетено на 2 март 2021.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]