Уфа арена

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Внатрешност на салата

Уфа арена (руски: Уфа-Арена), е повеќенаменска сала во Уфа, Русија. Отворена е во 2007 година и има сместивост за околу 7.384 лица. Првенствено се користи за хокеј на мраз и е домашен терен за локалниот тим на ХК Салават Јулаев, кој се натпреварува во континенталната хокеарска лига.

Првите настани во арената биле првите два натпревари помеѓу јуниорите на Канада и Русија. Имало проблеми за време на натпреварот бидејќи климатизерите сè уште не работеле и зградата не била целосно завршена во тоа време.

Арената била главен домаќин на Светското јуниорско првенство во хокеј на мраз во 2013 година, во последната недела од декември 2012 година до првата недела од јануари 2013 година.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]