Ускочка војна
| Ускочка војна | |||||||||
|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
|
|||||||||
| Завојувани страни | |||||||||
| Република Венеција Холандска Република Кралство Англија Отоманската Империја[б 1] | Светото Римско Царство Кралство Хрватска Шпанија |
||||||||
| Команданти и водачи | |||||||||
|
|
||||||||
Ускочката војна, позната исто така позната како Војната кај Градишка или Војната на Фриули, била водена од Австријците, Словенците, Хрватите и Шпанците од едната страна и Венецијанците, Холанѓаните и Англичаните од другата страна. Своето име го добила по Ускоците, кои биле војници од Хрватска кои Австријците ги користеле за нередовно војување.
Бидејќи Ускоците биле проверувани на копно и ретко ја добивале својата годишна плата, прибегнале кон пиратерија. Освен што ги напаѓале турските бродови, ги напаѓале и венецијанските трговци. Иако Венецијанците пробале да го заштитат својот превоз со придружба, стражарски кули и други заштитни мерки, цената станала огромна: 120.000 талири годишно во текот на 1590-тите, 200.000 во 1600-тите и 360.000 до 1615 година.[1]:36 Во декември 1615 година, венецијанските трупи ја опколиле Градишка, на реката Соча.
Венецијанците започнале дипломатска кампања за сојузници, бидејќи Ускоците биле вазали на Фердинанд II од Внатрешна Австрија (кој веројатно побарал помош од светиот римски император Матијас, неговиот вујко и кралот Филип III од Шпанија, неговиот зет). Во септември 1616 година, грофот Џон Ернест од Насау-Зиген се согласил да собере 3.000 мажи во Холандската Република за венецијанска служба. Пристигнале во мај 1617 година, а шест месеци подоцна пристигнале уште 2.000 со контингент англиски доброволци. Шпанската поддршка била блокирана на море од флотила од 12 холандски и 10 англиски воени бродови, а на копно од истовремената војна во Мантова.[1]:36
Почеток
[уреди | уреди извор]Конфликтот започнал во јануари 1616 година на Горицовите ридови, каде гарнизонот на Ускок и Сењани ја поддржал австриската фракција. Откако венецијанската фракција ја стекнала предноста во Маријано, тие напредувале во Градишка на 24 февруари 1616 година и логорувале во Фара.
Венецијанската Република, која што била моќна на море, господарела со Јадранот; Австрија поседувала мал дел од брегот на Трст и Хрватска која била блокирана од Венеција. Ниеден брод не можел да ја помине оваа граница без да плати данок или без да има венецијанска резиденција. Во јануари 1616 година, Горицовите ридови (Колио) биле чувани од Ускоци и Сењани во Виполже и Шмартно. Во полето на Маријано останал еден венецијански одред. Римјаните и Медејците, кои кампувале во близината на Фара, 24 февруари на 1616 се упатиле година кон Градишка. Опсадата траела дваесет и девет дена. Венецијанската флота удрила во Трст, чиј што гарнизон бил засилен од капетанот Себастијан Зуех. Со 1.000 коњаници и пешадија, Бенедикт Лезе го окупирал венецијанскиот замок Сан Серволо. Ускочките војниците предводени од страна на Вук Франкопан, грофот од Тржац и вице-генерал на Хрватска, пристигнале во Монфалконе на 26 ноември 1615 година и го ограбиле градот.[2]
Првата опсада на Градишка
[уреди | уреди извор]Во 1616 година, Венецијанците ги опседнале Фара и Градишка, а надвојводата нападнал од Горица и Лусинико. Со три големи колверини, четири пиштоли и три мали колвери, Фара (и покрај претходното оштетување на нејзините згради) ја одбила непријателската артилерија претрпувајќи големи загуби. Венецијанците започнале уште еден залуден напад пред Џустиниани да ја крене опсадата и да се повлече во Маријано.
Во септември, Џон Ернест од Насау-Зиген се согласил да собере 3.000 мажи од Холандската Република за венецијанска служба. Пристигнале во мај 1617 година, а по шест месеци пристигнале уште 2.000 (вклучувајќи и контингент англиски доброволци). Шпанската поддршка била блокирана на море од флотила од 12 холандски и 10 англиски воени бродови и на копно од Мантовата војна. Иако надвојводата Фердинанд имал само 4.000 војници подготвени да ја одбранат Градишка, добил воена, политичка и финансиска поддршка од Шпанците како дел од поголем договор: Филип се согласил да се бори против Венецијанците и да го поддржи Фердинанд како следен свети римски император во замена за отстапување на Алзас, Финале Лигуре и Пјомбино. Ова довело до договор меѓу Фердинанд и Венецијанците во кое многу Ускоци биле егзекутирани или протерани, а постојан австриски гарнизон бил поставен во Сењ.[3]
Втора опсада на Градишка
[уреди | уреди извор]Грофот Џон Ернест од Насау-Зиген слетал во Монфалконе со 4.000 холандски платеници, зголемувајќи ги венецијанските сили на 20.000 луѓе; пристигнале и англиски војници. Сабајлето на 2 јуни, Холанѓаните го окупирале Сан Мартино дел Карсо, а Австријците ги оставиле своите позиции меѓу Градишка и висорамнината на Венецијанците. Со илјада луѓе, Камило Тревилјано ги вклучил Австријците во Горица. Шест галии го нападнале замокот Дуино.
На 5 јуни, 400-те мажи во Форт Империјал им се предале на Холанѓаните во замена за бесплатен премин. Венецијанците изградиле неколку мали редути, поставувајќи четириесет парчиња и подготвувајќи последен напад врз Рубија (австриското седиште). Иако цивилите почнале да ја евакуираат Горица, на 6 јуни Хенри од Насау одбил да продолжи со нападот поради заморот на неговите луѓе.
Венецијанците се воздржале од понатамошни напади, засилувајќи ја блокадата на Градишка; болеста ги преполовила холандските сили.
Џовани де Медичи ја напуштил командата поради здравствени причини и негова замена бил принцот Луиџи д'Есте. Иако Венецијанците ја опколиле тврдината Стела, Албрехт фон Валенштајн донел засилување и залихи. Го искористил своето богатство, нудејќи и командувајќи 200 коњи за надвојводата Фердинанд од Штаерска за борбата и ослободувајќи ја тврдината Градишка од венецијанската опсада.
За да ги блокираат австриските резерви од долината, Венецијанците мислеле да ги окупираат Сдраусина и Фољано (јужно од Градишка). Иако окупацијата била детално планирана од дон Џовани де Медичи на 25 август 1617 година, не била спроведена бидејќи се сметала за премногу опасна и продолжило олеснувањето на тврдината од платото.
Иако Фердинанд имал само 4.000 војници подготвени да ја одбранат Градишка, добил воена, политичка и финансиска поддршка од Шпанија како дел од поголем договор: Филип се согласил да се бори против Венецијанците и да го поддржи Фердинанд како следен Светоримски император во замена за отстапување на Алзас, Финале Лигуре и Пјомбино.[1]:37Ова довело до договор меѓу Фердинанд и Венецијанците во кој многу пирати од Ускок биле егзекутирани или протерани, а во Сењ бил поставен постојан австриски гарнизон.
Мир
[уреди | уреди извор]Наспроти тековните непријателства, имало копнеж за мир од двете страни. Во исчекување на проблемите во Германија, Фердинанд сакал да се оттргне од посветеноста на војната со Венеција. Секако, Венеција исто така не била посветена во војната, најмногу поради страв од директната шпанска интервенција.
На 6 ноември било потпишано примирје. На 28 ноември, шест дена откако шпанските и венецијанските армади директно се судриле во Битката кај Рагуза, започнала демобилизацијата. Сепак, мировните разговори биле продолжени и Холандија продолжила да регрутира војници.
Белешки
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 3 Parker, Geoffrey. The Thirty Years' War, 2nd edition. 1997. ISBN 0-415-12883-8
- ↑ Carlo Morelli di Schönfeld (1856). Istoria della contea di Gorizia. Paternolli. стр. 94.
Guerra di Gradisca.
- ↑ Wilson, Peter H. (2011). The Thirty Years War: Europe's tragedy (First Harvard University Press paperback edition, 2011. изд.). Cambridge, Massachusetts: The Belknap Press of Harvard University Press. ISBN 978-0-674-06231-3.
|