Урош Петровиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Урош Петровиќ

Урош Петровиќ (8. Април 1967 година, Горњи Милановац) српски писател. Се занимава и со илустрација и фотографија.

Животопис[уреди | уреди извор]

Урош Петровиќ е роден на 8 април 1967 година во Горњи Милановац. Од 1975 година, живее во Белград. Автор е на фантастични романи, романи во загатки и загадочни приказни. Се одликува со иновативен пристап кон литературата за деца и млади. Книгите му се објавувани во Италија, Унгарија, Грција, Македонија, Словенија и Чешка. Добитник е на голем број награди од областа на книжевноста и фотографијата. Има објавено повеќе приказни, статии, песни, илустрации и фотографии во поголем број на летописи, дневни весници, списанија и антологии. Од 2008 година до 2013 година бил претседател на Менса Србија. Основач е на Фотографското првенство на Менса. Соавтор на програмата „NTC Систем на учење“ и автор на концептот на „Загадочни прашања“, кои го поттикнуваат развојот на функционалното знаење и креативниот начин на размислување. Гостува како предавач на факултети, училишта и други образовни институции во Србија и во странство. 

Библиографија:[уреди | уреди извор]

  • Авен и јазопес во земјата на вауците, (2003, 2005 година)
  • Приказни од другата страна, приказни, (2004)
  • Загадочни приказни - книга прва, (2006)
  • Загадочни приказни - книга втора, (2006)
  • Петтата пеперуга, (2007)
  • Загадочни приказни - книга трета, (2007)
  • Тајните на Гинковата улица, (2008)
  • Загадочни приказни - книга четврта, (2009)
  • Мрачните тајни на Гинковата улица - роман во загатки (2011)
  • Загадочни приказни - книга петта, (2012)
  • Децата на Бестрагија, (2013)
  • Тајните вештини на Марта Смарт, (2013)
  • Големата загадочна авантура на Марта, (2014 година)
  • Караванот на чудата, (2016 година)
  • Марта Смарт и панаѓурот на загатките - роман во загатки (2016 година)
  • Приказната за Јанг, (2017)

Книжевни награди[уреди | уреди извор]

  • Награда „Невен“ (2006)
  • Наградата „Доситеј“ за една од трите најдобри книги по избор на децата од постара возраст (2006)
  • Награда на Змаевите детски игри „Раде Обреновиќ“ за најдобар роман за деца и млади (2007)
  • Награда „Доситеево перо“ за најдобра книга по избор на децата од постара возраст (2007)
  • Награда на компанијата Новости „Гордана Брајовиќ“ за најдобра книга за деца и млади (2008 година)
  • Награда „Невен“ (2008)
  • Златна значка на Културно-образовната заедница на Србија за придонес во културата (2009)
  • Награда на Змаевите детски игри за придонес кон современиот израз во литературата за деца (2011)
  • Награда „Доситеево перо“ за најдобра книга по избор на децата од постара возраст (2011)
  • Награда „Доситеево перо“ за најдобра книга по избор на децата од постара возраст (2012)
  • Награда на Змаевите детски игри „Раде Обреновиќ“ за најдобар роман за деца и млади (2013)
  • Плакета за исклучителен придонес во областа на културата и образованието, Сокобања (2014)
  • Личност на годината за 2015 година по избор „Деница за млади“ на фондот на Вук Караџиќ во Белград (2015)
  • Награда на Змаевите детски игри „Сино перче“ за најдобра книга за деца и млади (2017)
  • Диплома за почесен граѓанин на Панонија (2017)
  • Награда „Невен“ (2017)

Изданија на други јазици[уреди | уреди извор]

  • Tördafejed-mesék - Második könyv, Pillangó kiadó, Унгарија
  • Мистериите на Гинковата улица, Education Counseling Center, Македонија
  • I misteri della Strada del Ginko, Secop Edizioni, Италија
  • Az ötödik pillangó, Pillangó kiadó, Унгарија
  • Αινιγματικές ιστορίες, Εκδόσεις Αερόστατο, Грција
  • A rejtelmes Ginkó utca, Pillangó kiadó, Унгарија
  • Петтата пеперуга, TOPER, Македонија
  • Tördafejed-mesék - Elsö könyv, Pillangó kiadó, Унгарија
  • Enigmatické hádanky - Kniha třetí, Mensa CR, Чешка република
  • Áven és a kutyorz Vaúföldön, Pillangó kiadó, Унгарија
  • Riddle Tales, Laguna
  • Misteriji Glinkove ulice, Mladinska knjiga, Словенија
  • Temačne skrivnosti Glinkove ulice, roman v ugankah, Mladinska knjiga, Словенија
  • Загадочни приказни - Книга прва, Арс Ламина, Македонија
  • Загадочни приказни - Книга втора, Арс Ламина, Македонија

Филмографија[уреди | уреди извор]

  • Петтата пеперуга, првиот српски 3D филм