Уров
| Уров | |
|---|---|
| Научна класификација [ у ] | |
| Царство: | Растенија |
| клад: | Скриеносеменици |
| клад: | Евдикоти |
| клад: | Розиди |
| Ред: | Бобовидни |
| Семејство: | Бобови |
| Потсемејство: | Глушини |
| Род: | Глушина |
| Вид: | Уров |
| Научен назив | |
| Vicia ervilia (L.) Willd. | |
Уров (науч. Vicia ervilia) — мешункасто едногодишно растение од семејството бобови што се користи главно како добиточна храна.[1][2] Во минатото оваа култура била една од најраспространетите фуражни култури во РМ, а во некои реони и единствена. Зрното се употребувало како концентрат за добитокот. Се користат зрното и целото растение. Има кратка вегетација (90 — 100 дена). Се користи и како додаток во кафе.[3]
Распространетост и живеалиште
[уреди | уреди извор]Растението вирее во суви и полусушни области со сиромашни почви. Уровот е особено погоден за одгледување во области со слаби врнежи, каде што другите култури тешко растат.
Употреба
[уреди | уреди извор]Уште во дамнешни времиња луѓето го употребувале за јакнење на мускулното ткиво, особено на срцевиот мускул. Научниците сметаат дека неговите ефекти се должат на извонредниот сооднос на калиум, калциум и магнезиум со јаглехидратите, како и изобилство на витамини. Ефикасен е како лек за хемороиди, против маснотии и против висок крвен притисок.[4]
Главната употреба на уровот е како добиточна храна. Семињата се богати со белковини, што ги прави вреден извор на храна за добитокот како што се овците, козите и говедата. Меѓутоа, семето содржи горчливи соединенија што можат да бидат токсични ако се употребуваат во големи количини без соодветна обработка.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „уров“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „уров“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „УРОВ | Македонска енциклопедија“. Македонска енциклопедија. Посетено на 2024-12-12.
- ↑ „Уров — GalaNuts“. Посетено на 2024-12-12.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]| „Уров“ на Ризницата ? |