Урлик
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Урлик е поема напишана од Ален Гинсберг во 1955 година, публикувана како дел од неговата колекција поезија од 1956 година "Урлик и други поеми", посветена на Карл Соломон. Самата поема претставува еден од врвовите во поетскиот опус и заедно со неколку други поетски творби го сместува Гинсберг на самиот пиедестал што се однесува до американската поезија на ХХ-от век. Нејзиното објавување ја пратат контраверзи поврзани со стигмите на тогашното американско општество, кои служат повеќе како илустрација за слободите и правата во писателските односно читателските кругови во 50-тите и 60-тите години на ХХ-от век, отколку некаков персонален атак на појавата на овој култен американски поет.
Структуирана е во три дела: I, II и III дел. Самата поема започнува со хипербола (како што говори и самиот Гинсберг во едно видео интервју).
"Ги видов најдобрите умови на мојата генерација уништени во лудило, хистерично изгладнети, голи, додека се влечат низ црнечките улици во зори барајќи лута доза, хипстери со ангелски глави како копнеат за античка рајска врска со ѕвезденото динамо во машинеријата на ноќта..."
Понатаму продолжуваат овие колоритни, оживеани и силно експресивни слики и настани да се редат со експлицитно претставени ситуации, поенти, прилики и неприлики, кои доволно јасно зборуваат, всушност урликнуваат во бескрајот како негова апстракција. До крајот на првиот дел Гинсберг успева набројувајќи да создаде илузија на принцип кој не е принцип, искушение на здравата памет, да опише логика на судбинските пресврти, а дотогаш неизбежните инверзии, парадокси, апсурди, препуштајќи го судирот да се случи или да не се случи во главата на читателот. Во тој прв дел Гинсберг како да говори со неверување, во првичната психолошка фаза по прием на лоша вест-неприфаќање, но сеедно-констатирање на списокот од животни ломови.
Во вториот дел, Гинсберг реагира во склад со втората физиолошка фаза од секоја психологија на восприемање, која настапува по неприфаќањето, а тоа е-наоѓање објект-носител на вината. Тој метафизички тоа го лоцира во антички бог со глава на бик(или друго животно во разни митологии) и тело на човек, кој Бог го означува со изворното име: Молох.
"Молох чија крв е пари! Молох, чии прсти се десет војски! Молох чии гради се човекојадски динамо! Молох чии уши се зачаден гроб! Молох чии очи се илјада слепи прозорци! Молох чии облакодери стојат во долгите улици како бесконечни Јехови. Молох, чии оџаци и антени ги крунисуваат градовите!"
Во понатамошниот дел следи една голема мудрост која на ингениозен и екстремно директен начин авторот му ја пренесува на читателот. Тој вели: Молох кој е име за умот. И навистина, тој и самиот во едно интервју ќе каже: мозокот грабливец најголем. Молох во кој тој се чувствува осамен е Молох кому се жртвуваат децата, барајќи притоа изобилие на страсти во чивотот. Молох чие живо олицетворение е метрополата.
Третиот и последен дел од песната е нетипичен, имено тука не наоѓаме помирување со погореизнесеното, напротив борбата продолжува, но сега со нов и вечен оптимизам, оптимизам кој извира од ниедно друго место, туку од самата душа. Гинсберг во тој дел ја пронаоѓа и отвора својата напатена поетска душа, се враќа на своите падови и магично во стил на голем поет ги претвора во победи и тоа преку ликот на Карл Соломон. Тој се обраќа со зборовите: "Со тебе сум во Рокленд", користејќи ја именката Рокленд како еуфемизам за нешто терциерно, солвентно, неутрално, нешто што ги спопаднува другите сите колку и самиот тој, но ете тој преку песната прв се обраќа урликнувајќи повторно: "Со тебе сум во Рокленд, каде си полуд од мене", но сеедно, "со тебе сум" нудејќи соломонско решение, тој му се обраќа на Карл Соломон, а со тоа и на сите нас, зборувајќи за настапот кој треба да го имаме едни со други, парафразирајќи едно негово интервју може да се каже: со тебе сум и каде со себе не си!