Уреус

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Маската на Тутанкамон која има уреус, од Осумнаесеттата династија.

Уреусот е стилизирана, исправена форма на египетска кобра, кој се користил како симбол на суверенитет, ројалство, божество, и божествен авторитет во Антички Египет.

Уреусот е симбол за божицата Ваџет, која била една од најраните египетски божества и која е често претставена како кобра. Тој бил дел од круната на фараонот. Фараонот бил признат само ако го носел уреусот, кој ја пренесувал легитимноста на владетелот. Постојат докази за оваа традиција дури и во Старото Кралство во текот на третиот милениум п.н.е.. Неколку божици поврзани со или кои биле сметани за аспекти на Ваџет се прикажани како го носат уреусот.