Урбанистичко зонирање
Урбанистичко зонирање е составен дел од просторното и урбанистичко планирање, и претставува разделување на територијата која е покриена со планскиот опфат на различни функционални зони, од коишто секоја има различна намена.[1] Со дефинирање на зоните се дефинира и се ограничува намената на нивното користење - на пример:

- Резиденцијална зона (поединечни или колективни домаќинства)
- Трговска зона (трговски центри, продавници)
- Индустриска зона (фабрики, производствен и погони)
- Образовна зона (основни, средни училишта)