Урбана антропологија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Урбаната антропологија, подгрупа на антропологијата,е релативно ново поле кое е во развој. Традиционалната антропологија се подели на 4 главни полиња (главно во Соединетите Американски Држави): Социо-културна антропологија, археологија, лингвистика и физичка антропологија. Но, со порастот на истражувањето во овие области во 20 век, многу антрополози го фокусираа своето поле на истражување. Се појавија помали, попрецизни предметни области кои не се вклопуваа во основните традиционални области, кои потоа се дефинираа како индивидуални подобласти. Како релативно нова област која се утврди во 60тите и 70тите години, урбаната антропологија главно се занимава со урбанизацијата, сиромаштијата и неолиберализмот. Улф Ханерц во 1960тите години цитира забелешка дека антрополозите се „познати агорафобици, и анти-урбани по дефиниција”.

Краток преглед[уреди | уреди извор]

Урбаната антропологија е под големо влијание на социологијата. Основната разлика помеѓу социологијата и антропологијата е во тоа што социологијата беше создадена како наука за цивилизираните народи, додека антропологијата претставуваше наука за примитивните народи. Притоа постоеа методолошки разлики помеѓу овие две дисциплини - социолозите обично проучуваа големи народи, додека антрополозите се потпираа на помалку информатори со подлабоки односи.

Но, со зголемувањето на интересот за урбаните општества, методологиите и предметите на проучување на овие две дисциплини се измешаа, што доведоа до прашањето дали пости разлика меѓу урбаната социологија и урбаната антропологија. Границата помеѓу дисциплините стана нејасна поради размената на идеи и методологии со цел што повеќе да се развијат овие дисциплини. Но клучната разлика е во тоа што урбаната социологија проучува помали општества, а урбаната антропологија се фокусира на поголеми и посложени општества.

Иако антропологијата е ново прифатена дисциплина, антрополозите долго време ја проучувале оваа област. На пример, голем број научници уште пред да се создаде урбаната антропологија се обидувале да дефинираат што точно претставува поимот град и да ги посочат начините на кои урбанизмот го изделува начинот на живеење во модерниот град од она што нарекува примитивно општество. Во урбаната антропологија се поприфатено е дека, иако постојат значајни разлики во карактеристиките и формите на организација на урбаните и не урбаните заедници, исто така има и важни сличности, дотолку што во урбаните истражувања поимот град може да се сфати како форма на заедница. Урбаната антропологија е област на истражување која постојано се шири и се развива. Со различни полиња на истражување, антрополозите мораа да ги модифицираат своите методи и да се навратат на традиционалните етики за да се прилагодат на различните пречки и очекувања.

Неколку владини и невладини организации работат на полето на урбаната антропологија. Веројатно најпознатата од овие е невладината организација наречена Урбана Антропологија. Голем број на универзитети предаваат урбана антропологија.

Историја на дисциплината[уреди | уреди извор]

Во периодот на развој во 19 век, антропологијата се занимаваше со споредбено проучување на странски (т.е. не западни) култури, кои често се нарекуваа егзотични и примитивни. Ставот на етнографите кон преметот на проучување беше едно недокажано научно издвојување, бидејќи преземаа една егоистичка и евроцентрична мисија на идентификување, класифицирање и уредување на културните групи низ целиот свет во јасно дефинирани социо-културни еволутивни фази на човековиот развој.

Во текот на 20 век, повеќе фактори ги одвлекоа антрополозите од двополарната концепција на странско дивјаштво наспроти западната цивилизација и повеќе кон изучување на урбаната култура во целина. Силно влијание во оваа насока имаше откривањето на огромни региони на светот благодарение на значителното зголемување на човечката мобилност, која беше овозможена, меѓу другите фактори, од брзото проширување на железничката мрежа и популаризацијата на патувањето кон крајот на Викторијанскиот период. Ова значеше дека, до средината на 20 век, главно се сметаше дека има релативно мал број на неоткриени „егзотични” култури кои би се истражувале за прв пат.

Покрај тоа, по Првата светска војна, се појавија многу земји во развој. Таквите „селски општества” привлекоа голем број антрополози до нивно проучување, кои суштински се разликуваа од „народните општества” кои главно беа предмет на изучување етнографите. Роберт Редфилд беше истакнат антрополог кои ги проучуваше и народните и селските општества. Додека ги изучувал селските општества на земјите во развој, како што е Индија, открил дека овие заедници се разликуваат од народните општества во тоа што тие не се затворени. На пример, селските општества биле економски поврзани со други заедници, надвор од нивната заедница. Со други зборови, тие биле дел од поголемо општество - градот.

Ова сознание им овозможи на повеќе антрополози да ги фокусираат своите истражувања на општествата (без разлика дали се западни или не) од гледна точка на градот ( сфатен како составен елемент). Овој премин беше од голема важност за развојот на урбаната антропологија како незнависна дисциплина. Јасно е дека ова не е прв случај во кој општествените науки изразиле интерес за проучување на градот. На пример, археологијата веќе стави силен акцент на истражување на потеклото на урбанизмот, а самата антропологија го усвои поимот на градот како референт во истражувањето на она што се нарекува пред-индустриско општество. Сепак, нивните напори беа значително неповрзани.

Значаен развој во антрополошкото изучување на градот беше истражувањето кое го водеше Училиштето за урбана екологија од Чикаго. Уште во 1920-тите години, училиштето го дефинираше градот, во смисла на урбана екологија, како „сочинет од соседни еколошки ниши придружени со човечки групи во...прстени околу јадрото.” Училиштето во Чикаго стана главен референт во урбаната антропологија, поставувајќи теоретски правци кои сеуште имаат влијание врз дисциплината.

Меѓу многуте самостојни научници кои придонесоа да се постават темелите на она што е денес урбана антропологија (т.е. проучување на градот сфатен како заедница) беше социологот Луис Вирт. Неговиот есеј „Урбанизам како начин на живеење” се покажа како суштински во разликувањето на урбанизмот како единствена форма на општеството што може да се изучува од три перспективи : „физичка структура, како систем за општествено организирање, и како збир на ставови и идеи”. Друг значаен професор од областа на урбаната антропологија, Лојд Ворнер, го застапуваше пристапот „Изучување на заедницата” и беше еден од првите антрополози кој недвосмислено преминал од истражување на примитивните култури (во неговиот случај Абориџините) до проучување на градови користејќи слични антрополошки методи. Пристапот на изучување на заедницата имаше големо влијание кое доведе до проучување на градот како заедница. Вилијам Вајт подоцна ги прошири методите на Ворнер за мали урбани центри во неговата студија за поголеми населби.

Методи, техники и етика[уреди | уреди извор]

Антрополозите имаат една суштинска разлика од сродните гранки на науката. Научниците претпочитаат истражувачки дизајн, каде што се користат дефинирани зависни и независни променливи вредности. Антрополозите претпочитаат етнографски метод, кој е поширок и не ги упростува премногу случаите. Со урбаната антропологија, темата е толку широка колку што е, треба да има степен и канал на контрола. Од оваа причина, урбаните антрополози сметаат дека е полесно да вклучат истражувачки дизајн во своите методи и најчесто го дефинираат градот или како независна променлива или како зависна променлива. Значи, истражувањето ќе се спроведува или градот како фактор на некоја мерка, како што е имиграцијата, или градот како нешто што одговара на некоја мерка.

Честа техника која ја користат антрополозите е „разоткривање на мит”. Во овој процес, антрополозите претставуваат одредено прашање и спроведуваат истражување за ја потврдат или одрекува неговата оправданост. Истражувачкиот дизајн е всушност важен дел од овој процес, бидејќи им дозволува на антрополозите да изнесат одредено прашање и да го одговорат. Можноста да се усовршат во толку широка област а воедно да останат холистични е главната причина зошто оваа техника е толку позната меѓу антрополозите. Друга техника е врз основа на тоа како антрополозите ги спроведуваат своите истражувања; тие користат или истражување на еден случај или контролирани споредби. Со користење на еден случај, тие претставуваат и анализираат едно урбано општество. Пософистициран метод е користењето на контролирани споредби, каде што се споредуваат различни општества со контролирани променливи вредности, така што поврзаноста е повалидна и не е само споредба. За да се спроведат и двата вида на истражување, антропологот мора да дефинира основна единица, односно етнографско целно население. Целното население може да биде централно за истражувачкото прашање, но не е задолжително; на пример, кога се истражуваат имиграциите, се истражуваат луѓето, но не соседите. Вообичаени начини да се дефинира целното население кое е централно за истражувачкиот дизајн се преку просторни граници, заеднички култури или заедничка работа.

Етиката во голема мера останува иста за сите антрополози. Сепак, работата во урбана околина и покомплексно општество покренува нови прашања. Општествата кои антрополозите сега ги проучуваат се повеќе слични со нивните, а блискоста покренува прашања во врска со објективноста. Најдобрата идеја за антропологот е јасно да ги идентификува сопствените вредности и да се прилагоди кон општеството кое го проучува. Во примитивните општества, прифатливо е антропологот да влезе во општеството и на почетокот да ги објасни своите намери за истражување на општеството. Меѓутоа, во урбаните култури, тие не се во она што се смета за туѓа култура. Затоа, антрополозите утврдиле дека е потребно подетално објаснување на своите намери и често сметаат дека нивните намери треба да ги објаснат неколку пати во текот на истражувањето.

Главни области на истражување[уреди | уреди извор]

Има два главни начина да се пристапи кон истражувањето на урбаната антропологија: со испитување на типовите на градови или испитување на социјалните прашања во рамките на градовите. Овие два метода се вкрстуваат и се зависни еден од друг. Со дефинирање на различни видови на градови, би се искористиле социјалните вактори како и економските и политичките фактори за да се категоризираат градовите. Со директно разгледување на различните социјални прашања, би се увидело и како тие влијаат врз динамиката на градот.

Постојат четири главни пристапи кон антрополошкото истражување на градовите. Првиот е моделот на урбана екологија во кој заедницата и семејството се централни. Вториот е заснован на моќ и знаење, особено на тоа како се планира градот. Третиот пристап е локално и надлокално истражување и врската помеѓу овие единици во градот. Последниот пристап се фокусира на градовите каде што политичката економија е централна во инфраструктурата на градот. Лоу користи познати истражувања од урбани антрополози за да состави листа на различни видови на градови кои не спаѓаат само во една категорија, и кои фактори ги индивидуализираат. Во овој вид на градови спаѓаат оние кои се фокусирани на религиозни, економски и социјални процеси. Пример за религиозен град е она што Лоу го нарекува „светиот град” во кој религијата е централна во секојдневните процеси на градот. Пример за економски ориентиран град е „Деиндустријализираниот град”. Во Америка, овој вид на град често се среќава во области каде откопувањето на јаглен е главна индустрија во градот, и кога рудниците за јаглен се затворија, градот остана празен и се соочуваше со невработеност и иселени работници. Глобализацијата се истражува како сила која сериозно влијае врз овие области, и антрополошките истражувања го зголемија знаењето за нејзините последици.

Други видови на градови во кои урбаниот отпор е клучната слика се: полов град, кој доминира во урбанизирани области како што е Африка каде жените се нововработени на работни места со ниски примања; постмодерен град, кој е ориентиран кон капитализмот; и град-тврдина, каде различни населенија во рамките на градот се одделени, најчесто врз основа на социо-економскиот фактор. Главните причини за сегашните истражувања фокусирани на видови на градови се за да се разберат моделите по кои градовите се развиваат, теоретски да се истражат градовите во кои би се развиле врз основа на сегашните трендови, и да се зголемат резултатите од антрополошките истражувања. Важна забелешка е дека антрополошките истражувања имаат сериозни резултати за разбирањето на урбаното општество: со брзата стапка на глобализација, многу селски општества се обидуваат брзо да ги модернизираат своите градови и население, но на сметка на интересите на луѓето во градовите. Истражувањата можат да ги илустрираат овие негативни ефекти и да предвидат дека општо земено градовите во иднина ќе доживеат неуспех.

Друг метод за изучување на урбаната антропологија е преку истражување на различни фактори како што се социјалните, економски и политички процеси во рамките на градот. Фокусирањето на овие фактори вклучува истражување на рурално-урбана миграција, сродство во градот, проблеми кои произлегуваат од урбанизмот и социјално раслојување. Овие истражувања се во голема мера споредбени помеѓу тоа како овие односи функционираат во урбана средина наспроти тоа како тие функционираат во рурална средина. При истражување на сродството, антрополозите се фокусираат на важноста на поширокото семејство на урбаните староседелци наспроти мигрантите. Истражувањата главно покажаа дека, колку повеќе се станува „староседелец” во урбаниот град, толку помалку важност му се дава на одржувањето на семејните врски. Друг важен и често истражуван аспект на урбаното општество е сиромаштијата, за која се верува дека е проблем кој произлегува од урбанизмот.